Home » Во фокусот » Кои се најдобрите компании за вработување според LinkedIn?

Кои се најдобрите компании за вработување според LinkedIn?

Користејќи податоци собрани од повеќе од 546 милиони луѓе што ја користат мрежата, LinkedIn ги објави најпопуларните 50 компании каде што Американците најмногу сакаат да работат. Биле разгледувани степенот на кој корисниците гледале и аплицирале за отворените работни места во компанијата, бројот на следбеници и прегледи кои ги има страницата на компанијата, задржувањето на вработените и степенот на невработени кои на LinkedIn сакаат да се поврзат со вработени во компанијата.

Без изненадување, на самиот врв се наоѓаат Amazon, Alphabet и Facebook. Остатокот од листата, исто така, во најголем дел се однесува на технолошките компании. Освен наведените три компании, во првите десет најпосакувани компании за вработување се наоѓаат и Salesforce, Tesla, Apple, Oracle и Netflix. Меѓу останатите четириесет компании свое место имаат и останати технолошки компании како Spotify, Uber, Adobe, Airbnb, Dell, IBM, Samsung, Verizon итн.

Целата листа може да се погледне на следниот линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365