Home » Во фокусот » Кои се најпосетуваните македонски портали ?

Кои се најпосетуваните македонски портали ?

Благодарение на Гемиус, една од најголемите светски компании за online истражувања присутна во повеќе од 30 земји од светот, од неодамна и во Македонија, имаме можност да вршиме компарација на разни статистички параметри за македонски портали кои се вклучени во мерењето (по моја слободна проценка: вклучени се речиси сите најпопуларни мак. портали), а кои можат да ни бидат од корист при изготвувањето на нашите медиа планови.

Денеска како пост, а понатаму и како виџет на порталов, ќе Ви ги претставиме 20-те нај македонски веб портали рангирани по неколку параметри.

Прв параметар по кој ќе го вршиме рангирањето на веб сајтовите ќе биде Visitors (Real Users) – односно вистински корисници, кој претставува број на луѓе (не компјутери или кукис) кои барем еднаш во мониторираниот период (Јули 2013) посетиле најмалку една страна од мониторираниот веб сајт.

Број на посетители на македонските веб сајтови | Marketing365

Source: Gemius, gemiusAudience, July 2013

 

Втор параметар по кој ќе го вршиме рангирањето ќе биде Page Views – т.е. бројот на прикажани страни од еден веб сајт во рамки на пребарувачот на посетителот.

најпосетувани, македонски веб сајтови, маркетинг портал

Source: Gemius, gemiusAudience, July 2013

 

Трет параметар по кој ќе ги рангираме веб сајтовите за месец Јули 2013 ќе биде според Reach т.е. според процентот на посетители (real users) кои погледнале најмалу една веб страна од веб сајтот за определеното мониторирано време споредено со вкупниот број на активни интернет корисници во истиот временски период.

Reach | Macedonia | Marketing and PR portal | Маркетинг365

Source: Gemius, gemiusAudience, July 2013

Повеќе информации за методологијата и рангирањето можете да видите на http://www.audience.mk/ од каде овие податоци се преземени и каде месечно се објавуваат најновите извештаи за ранкингот по овие параметри.

Овие метрики се само еден мал индикатор, една мала помош плус, при изборот на веб медиум кој е најпогоден за вклучување во медиа планот за следната кампања на нашиот клиент, но секако тие неможат да ни бидат одлучувачки бидејќи е неразумно во предвид да не се земе дополнителна анализа на содржината на веб медиумите и кредибилитетот кој таа го има кај нашата целна публика.

Во иднина планираме на порталот повеќе внимание да посветиме на објаснување и анализа на маркетинг метриките, па секој дополнителен придонес е добредојден :) :)

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Marketing365 Marketing365 Marketing365