Home » Во фокусот » Кој рече дека Дедо Мраз не постои ?

Кој рече дека Дедо Мраз не постои ?

Канадската авио компанија WestJet  им приреди супер изненадување на своите патници веднаш  после слетувањето на еден од аеродромите зачинувајќи ја претпразничната еуфорија со многу, многу магија !

Најпрво за време на чекирањето на билетите пред полетувањето на авионот се појавил еден анимиран Дедо Мраз кој ги прашувал патниците што би сакале да добијат за Божиќ и Нова Година…

Dedo Mraz

Откако ги слушнале желбите на своите патници, тимот на WestJet се мобилизирал да ги обезбеди сите желби на патниците и истите да ги достави на аеродромот каде патниците слетуваат.

По слетувањето на авионот, патниците чекајќи го својот багаж биле изненадени со подароци на кои што стоело нивното име и кои биле исти со нивните претходни посакувани желби при чекирањето.

Дедо Мраз постои ! WestJet докажаа ! :)

Погледнете како изгледало сето тоа:

Автор Душан Пецов

Душан се интересира за Brand Equity, Бренд Маркетинг и Однесувањето на потрошувачите. Моментално е ангажиран во Nestlé Македонија како Trainee in Trade Marketing

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365