Home » Digital » Која должина на видео реклами поминува најдобро на Facebook?

Која должина на видео реклами поминува најдобро на Facebook?

Порано, лесно можеше да се претпостави дека пократките видео реклами се поефективни и постигнуваат поголема стапка на видливост. Но, можеби нештата се променети кога станува збор за реклами кои се емитуваат на социјални платформи. Според податоците направени од вториот квартал(Q2), видео рекламите кои биле во времетраење од 30 до 60 секунди поминале подобро на Facebook, за разлика од оние кои траеле помалку од 30 секунди.

emarketer video reklami

Врз основа на истражувањето на “Kinetic Social“ во вториот квартал годинава кога беа анализирани над 2 милиони остварени импресии на реклами на социјалните мрежи на десктоп и мобилен, скоро половина од корисниците (44%) ги виделе рекламите кои траат од 30 до 60 секунди, во целост. Додека, оние што биле до 30 секунди ги виделе 26%.

Интересно е тоа што рекламите кои биле подолги од 2 минути беа на второ место по гледаност во целост, или 31%. Во посебна анкета од Animoto, во текот на следните 12 месеци, 70,8% од испитаниците изјавиле дека планираат да инвестираат во социјалните видео реклами, вклучувајќи и реклами за зголемување на видливоста на содржината. Тука, се разбира Фејсбук е оној што најверојатно ќе има корист од оваа намера. 65,8 % од оние кои планираа да направат социјални видео реклами веќе испланираа да го користат овој канал за рекламирање.

Не заборавајте, следно што демне од страна се стриминг видеата во живо. Најновите истражувања на медиумите кажуваат дека од Август 7% од маркетинг агенциите и 19% од ин-хаус маркетинг консултантите планираат својот буџет да го насочат кон стиминг видеата во живо, во преостанатите 6 месеци од 2016та година. “Facebook Live’ се појави во Април и се очекува да биде нов интересен прилив на приходи за овој медиумски социјален гигант.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365