Оваа година Цедевита ја прославува својата 50-годишнина и преку нова кампања ни порачува дека годините се состојба на умот и дека секое време е добро за освежување
Рекламите на Цедевита од 1980-тите се здобија со култен статус, поради мелодиите и стиховите што лесно влегуваа во уво и поради добрата енергија што ја ширеа. Љубителите на Цедевита и класичните ТВ спотови на овај бренд ќе бидат воодушевени од веста дека по повод прославата на својот 50-ти роденден, Цедевита лансираше нова креативна кампања за припадниците на новата генерација Це! .
Оваа година Цедевита ја прославува својата 50-годишнина и преку својата нова кампања ни порачува дека годините се состојба на умот и дека секое време е добро време за освежување. Како и во омилените класични телевизиски реклами, новата креативна платформа и кампања изобилуваат со инспиративни сцени, ликови кои се вистински љубители на Цедевита и авторска музика која потсетува на поранешните промотивни кампањи на Цедевита кои сакавме и да ги слушаме, а не само да ги гледаме.
Која е Генерација Це? Тоа се љубители на Цедевита од сите возрасти и животни стилови кои припаѓаат на една нова, универзална и единствена генерација – генерација Це. Генерацијата Це е прва генерација која не се идентификува со годините на раѓање, туку преку состојбата на умот и заедничкиот систем на вредности.
Генерацијата Це го негува позитивниот дух и заедништво, не му робува на предрасудите, туку ја поврзува различноста. Тоа е генерација која не се срами да покаже чувства, бидејќи знае дека суштината на животот е во поврзување и споделување важни моменти со другите. Тоа е генерација која ужива во животот затоа што знае колку е вреден и посебен. Генерацијата Це зборува на јазикот на љубовта, ја поттикнува имагинацијата, креативноста, растот на идеите и верува дека се е можно и дека животот е убав кога се споделува.
Цедевита и` помага на оваа генерација на добра енергија да ја сподели радоста, а како живее, за што сонува и во што верува Генерацијата Це, можете да откриете во новите ТВ спотови.