Home » Во фокусот » „Кокошка против мисирка“ е епскиот празничен двобој на KFC

„Кокошка против мисирка“ е епскиот празничен двобој на KFC

„Мисирката доаѓа и си оди, но кокошката е тука да остане!“, истакнува брендот за брза храна KFC во својата нова Божиќна реклама – драматичен анимиран двобој помеѓу двете „кралици“ на пилешкото месо.

Земајќи инспирација од старите Вестерн филмови, рекламата започнува на снежна планинска рамнина. Една кокошка храбро чекори низ тундрата, преку замрзнати езера, низ остри карпи и под бодликва жица, се’ со цел да се соочи со својот „вечен непријател“ – мисирката.

Мисирката ги шири своите пердуви и надмоќно гледа врз нашиот „херој“, но кокошката е таа која победува и ја предизвикува мисирката да избега. Кокошката почнува победнички да мавта со крилјата, при што се појавува натписот: „Мисирката доаѓа и си оди, но кокошката е тука да остане!“

KFC се надева дека со оваа кампања, која покрај рекламниот спот вклучува и принт, онлајн и out-of-home активности, ќе профитира од „тајната непопуларност“ на печената мисирка на традицоналната Божиќната трпеза. Еден од постерите на кампањата гласи: „Тајната како да уживате во Божиќната мисирка? Намалете ги очекувањата“.

„Ние ќе ги затвориме нашите ресторани на 25 декември (Божиќ) и ќе и’ дозволиме на мисирката да го доживее својот момент „под сонцето“. Секој останат ден во годината, немојте да се грижите – KFC ќе биде тука,“ изјави Моника Пул, маркетинг директор на KFC, по повод новата празнична кампања.

Креативата е дело на агенцијата Mother London, со која KFC има плодна соработка во изминатата година, а заедно собраа и значајни награди на овогодинешното издание на фестивалот Cannes Lions.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365