Home » Во фокусот » Колкави се платите на маркетинг стручњаците ширум светот ?

Колкави се платите на маркетинг стручњаците ширум светот ?

Повеќе од три илјади маркетинг професионалци ширум светот учествуваа во едно од најопширните глобални истражувања достапни во маркетинг индустријата. Покрај анализата на просечните плати по сектори, оваа студија на “Marketing Week“ изработена во соработка со Ball&Hoolahan, даде одговор и на прашањето за стресот на маркетерите, ставовите поврзани за маркетинг буџетите и односот на маркетинг професионалците спрема знаењето и новите вештини.

Просечната плата во маркетинг за мажи на сите нивоа е 61,022 евра годишно, а за жени на сите нивоа е 48,404 евра што претставува продлабочување на јазот помеѓу мажите и жените компарирано со минатата година. Треба да се има предвид дека овие износи се бруто. Меѓу оние со најголеми примања се маркетинг директорите кои во просек годишно заработуваат  114,699 евра, а за колешките маркетинг директорки тој износ изнесува 93,825 ЕУР.

Најдобро и најлошо платени работи во маркетингот по сектори 

Просечната годишна плата во маркетинг (и за мажи и за жени)  е 54,915 ЕУР. Маркетинг директорите во просек годишно заработуваат 105,121 EUR.

Најплатени професии за еден маркетер се оние во консултантските компании и автомобилскиот сектор каде средната плата е 58,583 ЕУР односно 58,069 ЕУР годишно.

Во продолжение табела со средната плата во некои сектори:

Best-paid4-Salary-Survey-online-infographics-02

Стресот во маркетинг

Маркетинг секторот се смета за еден од најзабавните сектори за работа, но и еден од најстресните според 61% од испитаниците кои одговориле дека се под стрес или притисок при извршувањето на своите работни задачи.

Според истражувањето под најголем стрес се маркетерите кои работат спортски маркетинг а под најмал оние кои работат Outdoor и Utilities.

Stress4-Salary-Survey-online-infographics-01

За што маркетерите сакаат да научат повеќе ? 

Во однос на тоа за што маркетерите сакаат да научат повеќе, односно чуствуваат определен јаз во своето знаење, предничи дигиталниот маркетинг кого го избрале 31,7% од испитаниците и социјалните медиуми за чие функционирање определена несигурност чуствуваат 17,1 % од испитаниците .

Knowledge4-Salary-Survey-online-infographics-04

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365