Home » Во фокусот » Колумна: Ја најдовме ли средината ? (за Гемиус, медиумите, огласувачите и агенциите)

Колумна: Ја најдовме ли средината ? (за Гемиус, медиумите, огласувачите и агенциите)

Македонската интернет јавност вчера беше домаќин на Г-дин Веселин Ангелов од Гемиус Бугарија, компанијата која претендира да биде третата независна страна која ќе ги мери и анализира македонските веб сајтови.

Настан кој со нетрпение се очекуваше, пред се за нашите медиуми, агенции и огласувачи да се видат меѓусебе и да продискутираат а потоа и да постават некое прашање кон гостинот од Бугарија. Ние како медиум највеќе се чини ја афирмиравме оваа тема па редно е да се произнесеме и после состанокот.

Авторот на овие редови беше присутен на двата состаноци (и тој во 13h. и тој во 15h.) и горе-долу ова што во продолжение ќе го прочитате го прокоментира јавно на првиот панел пред присутните. Меѓутоа за сите мои колеги кои  беа присутни само на вториот панел (тој во 15h.) а ги имаше доста, би сакал да го споделам уште еднаш.

ја најдовме ли средината

Штета е што имаше премалку претставници на агенциите на панелите и тоа што немаше претставник кој би зборувал во име на ИАБ (иако имаше претставници на субјекти членови на ИАБ) телото кое ги започна разговорите со Гемиус за влез на нашиот пазар, да ги објасни предностите на соработката со Гемиус во оснос на соработка со некоја друга компанија како Nielsen, comScore, Quantcast или др.

Гемиус овој проект го финансира со средства од медиумите и агенциите.

Медиумите и агенциите многу јасно не можат едни без други. На медиумите им е потребна соработка со агенциите за да можат да се финансираат….. а на агенциите им се потребни медиумите за тие да можат да ги спроведуваат кампањите за своите клиенти.

Истражувањата на Гемиус се добредојдени и сите се согласуваат дека се корисни и им даваат кредибилитет. На медиумите пред агенциите, на агенциите пред огласувачите т.е. нивните клиенти.

Вчера се потврди тоа што неколкупати претходно го пишувавме, а тоа е дека главниот проблем на овој проект е цената за веб сајтовите.

Односно ако можам слобоно да ги интерпретирам моите колеги од интернет медиумите, цената е оценета како превисока во споредба со развојот на интернет пазарот во Македонија и со таа што ја плаќаат агенциите…… и финансирањето на овој проект се прави нерамномерно.

Агенциите за тоа што го добиваат пристапот до обработени податоци од СИТЕ веб сајтови би плаќале помеѓу 50-100 евра месечно, додека ЕДЕН  водечки веб сајт би плаќал околу 60-70 евра месечно (со 75% попуст).

Лесно прониклива е стратегијата Гемиус да договори со агенциите “да наметнат“ условно кажано, услов дека секој веб сајт кој сака да учествува во нивните понатамошни кампањи треба да биде дел од Гемиус, но ако веб сајтовите тука настапат одлучно и координирано веројатно тоа нема да успее. Сепак овој проект пред се зависи од тоа колку веб сајтови ќе се вклучат во него.

Каде е решението?

Се чини најкреативниот пристап и најповолен за интенет медиумите го даде еден од учесниците кој предложи Гемиус да наплаќа определен процент од секој веб сајт на обемот на реализирани кампањи преку платформата на Гемиус. Штета што тој предлог не се прокоментира од гостинот и другите присутни за да имаме информација дали е технички изводлив.

Друго решение би било веб сајтовите да плаќаат некоја фиксна цена која би била прифатлива за повеќето (пр. 50 евра) а остатокот за целосно буџетирање на проектот да биде на терет на огласувачите односно компаниите кои преку агенциите би требало да платат плус за секоја кампања за која ќе користат податоци од Гемиус (со кои добиваат порелевантни податоци за публиката до која сакаат да допрат и максимизирање на reach-от).

Сите се сложни дека интернет маркетинг пазарот треба да се развива и дека трета страна која ќе го мери е повеќе од добредојдена….но интернет пазарот треба да се развива со инвестирање на повеќе пари од огласувачите (кои за тоа треба да бидат убедени од агенциите)…. а не од веб сајтовите !

За крај да го архивираме и ветувањето на директорот на Гемиус, Г-дин Ангелов кој рече дека ако проектот стартува со предложените цени и попуст за првите 6 месеци од 75%……и ако после тие 6 месеци сајтовите не се задоволни од придобивките од проектот (т.е. не осетат зголемување на нивните приходи како резултат на учеството во проектот) цените нема да бидат зголемени односно ќе останат со истиот попус и наредни 6 месеци.

Во секој случај, за пофалба е отвореноста и спремноста на Гемиус и Г-дин Веселин Ангелов за дискусија и надминување на несогласувањата со сите вклучени страни, што се надеваме дека на крај ќе се резултира со успешно стартување на проектот под услови кои ќе значат win-win за сите вклучени страни !

Сите кои се заинтересирани со своја колумна да учествуваат во оваа дебата, слободно нека ни ја испратат на contact@marketing365.mk

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365