Во моментов Mars своите медиумски работи ги врши во соработка со три агенции, MediaCom, OMD и Starcom
Компанијата Mars ја ангажираше компанија ID Comms за да и` помогне во глобалнот питч за избор на нови медиумски агенции, во рамките на напорите на оваа компанија да го поедностави своето работење и наместо три актуелни агенции, да се консолидира работењето со еден глобален медиумски партнер.
Mars не брза во воведувањето на овие промени, па процесот на ревизија веројатно ќе трае цела оваа година. Главниот директор за маркетинг и односи со купувачите Ендрју Кларк, изјави: “Сакаме да се погрижиме да продолжиме да ги поместуваме границите во начинот на кој допираме до нашите потрошувачи; да бидеме побрзи, похрабри и поиновативни со нашите избори во средина на постојано менување на медиумите. Податоците може да играат клучна улога, како во обезбедувањето на нови согледувања, така и во зајакнувањето на нашето заложба во маркетинг и инвестиции базирани на докази. “
Во моментов Марс работи со MediaCom на своето глобално медиско планирање, додека на полето на медиа закуп, покрај MediaCom, работи уште и со агенциите OMD и Starcom.
Сите три актуелни партнери се поканети да учествуваат во питчот и до неговото завршување, ќе продолжат да функционираат како и обично. Се очекува дека новата структура за медиумско работење на компанијата Mars да биде воспоставена во 2019 година.