battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » AVE анализа на мобилните оператори во Македонија

AVE анализа на мобилните оператори во Македонија

Маркетинг365 во соработка во Press Clipping , за денеска Ви подготви Квантитативна и AVE Анализа за сектор Телекомуникации во Република Македонија во периодот од 1 до 15 Јули 2013 год.

AVE е англиска кратенка за Advertising Value Equivalency. Тоа е метод кој служи за споредување на цената на огласниот простор со соодветната бруто површина или бруто траење на објавите, со цел да се добие приближна комерцијална вредност на објавата. Треба да се истакне дека AVE методата не е во целост прецизен инструмент. Износот добиен според овој метод служи како илустрација за вредноста на објавите во случај кога ПР-от и постигнатата медиумска застапеност ги третираме како класичен маркетинг.Само во тој случај AVE анализата е одобрена од страна на струката.

Инаку,  на светско ниво се имаат водено повеќе дебати на разни собири на ПР професионалците дали AVE методата е релевантна метрика на ПР активностите…. а од 2010 година наваму после оддржаниот собир во Барселона и донесената декларација позната како “Принципите за ПР мерења од Барселона“ , AVE методата во повеќе земји се отфрла како метода за мерeње на вредност на ПР активностите поврзани со објави во медиуми.

Сепак во некои земји сеуште АVE анализата служи како главна алатка за насочување т.е. служи како индикатор за грубо мерење на ефикасноста на ПР програмата. Бројните недостатоци кои оваа метода ги има а кои пред се се однесуваат на неможноста да се даде објективна вредност изразена во парична единица на позитивен или негативен текст (објава), се аргумент плус зошто на светско ниво се повеќе се одбегнува.

Македонија спаѓа во рангот на земји каде сеуште се прават AVE анализи на објави за повеќе компании и во таа насока интересно е да видиме како изминативе 15 дена котираат по вредност на објавите за нив, македонските мобилни оператори.

Цените на медиумскиот простор (печатени медиуми, телевизија, радио, интернет) Press Clipping ги прикажува како аритметичка средина. Тоа значи дека е земен просек на огласниот простор за секој медиум.

Мерна единица во печатените медиуми е cm2, во електронските е секунда.

Податоците за димензиите на објавите во печатените медиуми ги добиваат од нивната база на податоци.

Анализата е направена врз основа на 713 објави за период 01.07.2013-15.07.2013

Важно е да се нагласи дека агенциите може да имаат различни начини и вредности при избработка на AVE анализа.

Во AVE анализата цените се без ДДВ.

* Застапеноста на Мобилните оператори во електронските и печатените медиуми

Zastapenosta na telekom operatorite po mediumite

 

Од графиконот погоре се гледа дека во периодот од 1 до 15 Јули, најзастапен бренд со најмногу објави на интернет и во принт медиумите бил ONE оператор, додека пак за T-Mobile имало најмногу објави на ТВ и Радио.

*AVE анализа за Мобилните оператори по Група медиуми

ave anzliza po grupa mediumi

 

Од податоците погоре јасно се забележува дека T-Mobile за своите објави на ТВ и Радио  имаат најголема вредност сметано според AVE метода (разбирливо бидејќи претходно видовме дека имале и најмногу објави на тие медиуми) а се следени од One и Albafone.

Во однос на објавите на интернет, најголема вредност во објави според AVE методата добиле ONE, следени од T-Mobile и VIP, додека пак кога станува збор за печатените медиуми, повторно ONE се тие кои предничат.

*AVE споредба на мобилните оператори 

AVE sporedba - Marketing365

 

Од оваа анализа се забележува дека севкупно најголема вредност на објавите сметано според AVE методата во првите 15 дена од месецов добиле T-Mobile кои се следени од ONE и Albafone.

 

 

Извор на информации – PressClipping, Квантитативна и AVE Анализа за  Телекомуникации

press clipping logo - marketing365

www.pressclipping.com.mk

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365