Home » Extra 5 » Крај за “балканската Нутела“! Конечно стигна правда за “граѓаните од втор ред“!

Крај за “балканската Нутела“! Конечно стигна правда за “граѓаните од втор ред“!

Европскиот парламент со големо мнозинство од дури 464 гласа “за“, го донесе извештајот за различен квалитет на производите за источниот и западниот пазар.

Во Комитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент, ова вклучува промена во Директивата за неправедни трговски практики, но и формирање на специјално европско тело кое ќе се занимава со дополнително регулирање и контрола на пазарите.

Истражувањата покажаа дека навидум истите производи со понизок квалитет често се пласираат во земјите од Источна Европа. Се работи за различни производи, од детергенти до храна за деца, кои се помалку квалитетни и понездрави, а се продаваат по повисоки цени од оние кои се продаваат на Запад.

Разликата во цените е последица на слободното формирање на цените без доволно да се земат во предвид реалните економски фактори, различната куповна моќ на потрошувачите, политиката на цени во земјите, недоволната конкуренција, недоволното информирање на потрошувачите, агресивниот маркетинг…

Ако се суди по одлуката на компанијата Фереро, тоа нема да биде во полза на потрошувачите. Бидејќи оваа компанија одлучи да го намали квалитетот на нејзиниот најпопуларен производ Нутела за германскиот пазар кој досега беше фаворизиран. На овој начин, ќе го изедначи квалитетот на производите за сите пазари во Европа. Од Фереро велат дека промената во рецептот е вообичаена постапка, која исто така ја користат и други компании во светот и дека квалитет не е намален.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365