Home » Во фокусот » Креативноста се исплаќа: Глобално истражување на Adobe ја поврзува креативноста со силен персонален и професионален успех

Креативноста се исплаќа: Глобално истражување на Adobe ја поврзува креативноста со силен персонален и професионален успех

85% од испитаниците од САД одговориле дека креативноста ги прави подобри лидери, родители и студенти

Пред самиот почетот на Adobe MAX 2016, премиерата на првата креативна конференција на Adobe (ADBE), гигантот објави резултати од глобалното истражување кои покажуваат дека инвестирањето во креативноста има свои видливи бенефити– од повисок приход до национална компетитивност и продуктивност.
Извештајот, “State of Create: 2016,” кој изврши истражување над примерок од 5,000 испитаници во 5 земји, открива дека луѓето кои се идентификуваат како креатори на глобално ниво имаат 13% повисок приход за разлика од оние кои не се идентификуваат како такви. Глобално повеќе од 2/3 од испитаниците веруваат дека креативноста помага да станат подобри работници, лидери, родители и студенти.

“Инвестирањето во креативност и дизајн е едноставно добар бизнис”, изјави Mala Sharma, заменик претседател и генерален менаџер на Creative Cloud на Adobe. “Креативноста и продуктивноста одат рака под рака, но инвестирањето во креативноста не е на дневен ред на поголемиот дел од денешните лидери. Ова истражување дава податоци кои се голем повик за будење за бизнисите кои е потребно да размислуваат поинаку и им понудат на вработените алатки и слобода да бидат креативни. ”
Испитаниците од САД го  оцениле значењето на креативноста повисоко за разлика од од просечните испитаници глобално.

Извор: http://finance.yahoo.com/

Извор: http://finance.yahoo.com/

%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82

Извор: http://finance.yahoo.com/

Клучните наоди добиени од испитаниците од САД се следните: креативноста обезбедува бенефиции за креаторите, економијата и општеството; креативноста навлегува во секој аспект на општеството и стана од витално значење за финансиски и економски успех.

  • Голем дел од испитаниците од САД се согласуваат дека да се биде креативен е вредно и за економијата (77 %) и за општеството (82 %).
  • Креативноста придонесува и кон самопочит. Креаторите почесто се идентификуваат себеси како иновативци (+27 % поени), веруваат во себе (+21 процентни поени), решаваат проблеми (+11 процентни поени) и се среќни (+15 процентни поени).
  • Да се биде креативен се иплаќа: Врз основа на пријавените приходи во домаќинството, креативците во САД заработуваат 17 отсто повеќе приходи од оние кои не се творци.
  • Сепак, само пет од 10 испитаници (55 отсто) се опишуваат како креативни и 44 отсто велат дека достигнале до својот креативен потенцијал.

Креативноста и дизајнот допринесуваат до подобар бизнис. Придобивките од креативноста не се само за индивидуалци  – претпријатијата може да имаат корист од давање приоритет на креативноста и добриот дизајн.

  • Повеќето од испитаниците од САД веруваат дека фирмите кои инвестираат во креативноста имаат поголема веројатност да поттикнат иновации (88 %), да бидат конкурентни (88 %), да обезбедат подобро искуство на клиентите (88 %), да имаат задоволни клиенти (89 %) и да бидат финансиски успешни (85 %).
  • Испитаниците, исто така, сметаат дека ваквите бизниси имаат поголема веројатност да имаат посреќни вработени (88%) и да ја зголемат продуктивноста на вработените (88%).
  • 83% се согласуваат дека има зголемување на притисокот да бидат продуктивни отколку креативни на работа. Сепак, шест од 10 (62 %) велат дека од луѓето се очекува да размислуваат креативно на работа.
  • 83% од испитаниците исто така се согласуваат дека важно е за бизнисите да се фокусираат на добар дизајн. Повеќе од половина (57 %) велат дека само во изминатата година, платиле повеќе за производ или услуга, која имала добар дизајн.

Владите и училишта имаат императив за креативност.На Владите кои инвестираат во креативноста се гледа позитивно од страна на американските испитаници, но постои јасна поделеност при поделбата на инвестирањето на креативноста во вредностите  во општествените места и недостатокот на инвестиции во креативно образование.

  • Мнозинството од испитаниците од САД веруваат дека Владата која инвестира во креативноста е веројатно да ја зголеми и продуктивноста (89 %), да поттикне иновации (87 %), да има посреќни граѓани (8%) и да биде конкурентна (85 %).
  • Осумдесет и три проценти од испитаниците веруваат дека ослободувањето на креативен потенцијал е клучот за економскиот раст. Сепак, 79 отсто чувствуваат дека САД не живее до својот креативен потенцијал.
  • 71% од испитаниците веруваат дека креативноста е задушена од образовниот систем, само 41 % сметаат дека власта ги охрабрува училиштата да ги едуцираат учениците како да бидат креативни.
  • Мнозинството од испитаниците сака училиштата да направат повеќе за поттикнување на креативноста – со приоритет на “учење преку правење” (85 %), со развивање на широк спектар на вештини на учениците (79 %) и настава која промовира креативност пред меморирање (78 % )

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365