battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Крис Хоет од Duval Guilaume Modem доаѓа на Денови на комуникацијата

Крис Хоет од Duval Guilaume Modem доаѓа на Денови на комуникацијата

Како што претходно пишувавме, овој Мај (од 15-ти до 18-ти) во Ровињ се оддржува манифестацијата “Денови на комуникациитекоја ја организираат Хрватското здружение за деловни комуникации (HURA) и хрватскиот огранок на Европското здружение за дигитален и интерактивен маркетинг (IAB).

Веќе пристигнуваат инфoрмации за специјалните гости на настанот а едно од најзвучните имиња секако е и Крис Хоет, директорот за дигитални медиуми на агенцијата Duval Guillaume Modem од Антверп. Duval Guillaume Modem во моментов е најпозната белгиска креативна агенција која во последниов период освојува награди на речиси сите најпрестижни европски и светски фестивали како Евтобест и Cannes Lions на кој минатата година освоија дури 10 лавови а годината претходно дури 15 награди.

Kris Hoet

Kris Hoet

Од креативната работилница на Duval Guillaume Modem а под водство на Крис Хоет имаат излезено некои од најуспешните вирални кампањи последниве години.

Во продолжение ќе Ве потсетиме на дел од нив :

1. “See how easily freaks can take over your life”.

Клиент: Здружение на белгиски банкари.

2.  Push to add drama 

Клиент : TNT

Како Крис и неговите колеги магионичари прават вакви единствени, драматични и вирални кампањи ќе дознаете ако овој Мај присуствуваате на Денови на Комуникацијата во Ровињ.

Сите информации околу манифестацијата, цените за котизација и пријавувањето на учесниците се достапни на веб сајтот на фестивалот www.danikomunikacija.com

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365