Home » Во фокусот » Купи кило и вози

Купи кило и вози

Секоја сабота на пазарот Долац во Загреб, вледее сеопшта гужва. Понекогаш до тој степен што купувањето станува тортура.

Популарниот цидер Стари Лисац и агенцијата Staatchi Хрватска, конечно го решија овој проблем и на сите оние кои беа заглавени во гужвата во преполниот пазар им понудија паметно решение.

Сите купувачи на пазарот во Загреб, беа дочекани од штандови со истакнат натпис “Купи кило и вози“. Килограм купени јаболка служеле како карта за бесплатно возење на рикшите, двоколки кои нестрпливо ги очекувале најлојалните купувачи на неколку пунктови околу пазарот.

Поточно, секој кој купил килограм јаболка и со гордост тоа им го покажал на возачите на рикшите на Стари Лисац, добил бесплатен и брз транспорт до локација по негов избор. Рикшите на Стари Лисац за момент ја претвориле градската гужва во забава и уживање.

Тој ден, јаболкатa ги победија сите други производи! Килограм по килограм, на околу 10 штандови означени со препознатливиот лик на Стари Лисац, биле продадени над 250 килограми јаболка и направени 87 патувања.

извор: Media-Marketing

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365