Home » Во фокусот » Квартален преглед на ClickAttack во однос на мобилните трендови во Југоисточна Европа

Квартален преглед на ClickAttack во однос на мобилните трендови во Југоисточна Европа

Пишува: Ана Андоновска, Online Marketing Specialist во ClickAttack

Мобилните телефони се дел од нашето секојдневие, од средства за повици, тие еволуираа во напредна алатка за следење на случувањата и новостите од интерес и постигнување продуктивност. Од ѕвонењето на утринскиот аларм и будење, до последната проверка на социјални мрежи пред спиење, мобилните се секогаш со нас. Агенциите постојано истражуваат за користење на мобилните телефони и фактите покажуваат дека луѓето се повеќе време поминуваат на своите мобилни телефони.

Токму овие истражувања треба да ги инспирираат компаниите од регионот да почнат да размислуваат за мобилно рекламирање и мобилен маркетинг.

Еве неколку статистики од истражувањата:

– Има повеќе мобилни телефони од тоалети во светот (Source: UN 2013),

– 81% од корисниците на паметни телефони направиле истражување за производ преку својот телефон,

– 58% од луѓето не поминуваат ниту еден час без да погледнат во телефоните,

– 67% од луѓето ги проверуваат своите телефони дури и кога телефонот не им ѕвони,

– 70% од пребарувањата преку мобилен водат до онлајн акција во време од еден час.

ClickAttack е прва и најголема регионална мобилна огласувачка мрежа која на брендовите им овозможува пристап до мобилните корисници, нуди креативни услуги за мобилни кампањи, додека на медиумите им овозможува изработка на мобилни портали, апликации и мобилни страници. Предностите од мобилниот маркетинг се многу на број, некои од нив вклучуваат поголема видливост и интеракција со корисниците, а исто така и далеку поголем простор за персонализација и таргетирање на рекламните кампањи во споредба со другите медиуми. Мобилниот маркетинг и огласување се успешни доколку се соодветно интегрирани во маркетинг стратегијата за брендот.

Извештајот на ClickAttack е квартален преглед на мобилните трендови и однесување на потрошувачите во Југоисточна Европа. Огласувачите можат да ги искористат овие податоци за да планираат и прецизно ги таргетираат своите кампањи со цел да постигнат поголем резултат и оптимизација на трошоците.

top 5 mobilni uredi kaj makedoncite

Македонците најмногу ги користат мобилните телефони во сабота

Според нашите истражувања, во Македонија луѓето најмалку користат мобилен телефон во недела и понеделник. Најмногу во сабота, околу 18:00 часот, а трендот продолжува и подоцна, дури до 23:00 часот. Најпопуларен оперативен систем во регинот е Андроид, а најкористен телефон во Македонија е iPhone.

Прочитајте повеќе во самиот извештај кој можете да го симнете на следниов ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365