Home » Во фокусот » „L.A.’s Finest“ премиерно во Дубровник на New Europe Market со специјалните гости Габриел Јунион и Џесика Алба

„L.A.’s Finest“ премиерно во Дубровник на New Europe Market со специјалните гости Габриел Јунион и Џесика Алба

Во прекрасниот амбиент на Caffe Gymnasium во Загреб беше претставена комплетната програма за NEM 2019 (New Europe Market), како и имињата на трите холивудските ѕвезди кои ќе бидат гости на најпопуларниот настан посветен на телевизиската индустрија во Дубровник.

Проектите како NEM се од исклучително значење за ТВ индустријата, не само на регионално туку и на глобално ниво, благодарение на реномираноста која ја стекна собирајќи ги клучните луѓе и сите сегменти од оваа индустрија на едно место.

Оваа година NEM се одржува по седми пат од 10 до 13 јуни во Дубровник.

Специјални гости на овогодинешниот NEM се три холивудски ѕвезди. Џесика Алба и Габриел Јунион доаѓаат на NEM да ја претстават новата серија L.A.s Finest во која ги толкуваат главните улоги. Зад серијата стои Sony Pictures Entertainment кој го избра NEM за презентирање и голем, јавен скрининг на новата серија. Алан Каминг, ѕвездата од серијата Instinct е уште еден специјален гостин кој посетителите ќе имаат можност да го слушнат во панел собата. Серијата Instinct меѓународно ја дистрибуира CBS Studios International.

NEM може да се пофали со осум интересни панел дискусии во кои ќе учествуваат најголемите професионалци од светската ТВ индустрија. Панелот “Време е да размислуваме локално, а да дејствуваме глобално” ќе го постави прашањето дали регионот треба да ги здружи силите за да биде конкурентен преку копродукција и повисоки буџети.

Говорниците на панелот „On demand платформи и телевизиски канали – меѓусебно исклучиви или одлична комбинација ќе дискутираат за тоа зашто Pay TV каналите стануваат on demand платформи и обратно. За глобалниот феномен во ТВ содржините ќе се зборува на панелот под назив „Дали балонот од сапуница пукна или и понатаму расте?“. NEM внимателно ги избра секоја од темите за да допре до сите новини во индустријата.

За најактуелните теми ќе разговараат високо позиционирани и стручни луѓе од ТВ индустријата, како Бавеш Вагела, главен извршен директор на Paywizard, Салим Мукадам, генерален менаџер и потпретседател на BBC за Средна и Источна Европа, Левент Малнеј, извршен подпретседател на компанијата AMC Networks International, Крис Марчич, директор на HAVC, како и Матијас Сетел, генерален директор на TV Markizа.

Еден од посетителите на NEM е и успешниот продуцент Небојша Тараба (Drugi Plan) кој токму на овај настан пред неколку години склучи голема бизнис зделка. Благодарение на презентацијата на серијата Novine на NEM, еден од водечките интернационални дистрибутери, израелски Keshet International, ги купи правата за дистрибуција на серијата, а веднаш потоа направен е договор и со Netflix. Ова е прва хрватска серија на овај стриминг сервис, а достапна е во 190 држави. Токму поради овие можности, NEM е TV настан кој не смее да го заобиколи никој од оваа индустрија, вели Тараба.

Сања Божиќ Љубичиќ, директор на компанијата Mediavision која стои позади NEM ќе води специјален Q&A во панел салата со Димитрис Микалијакис, извршен директор на COSMOTE TV и  Павел Станчев, извршен директор на ТВ2. Најзаслужната личност за самиот настан кратко го искоментира сето она што е постигнато: „Горда сум што веќе седма година по ред гледам раст во сите сегменти на NEM и што нашиот труд го препознаа најдобрите од најдобрите во индустријата. Навистина е убаво да бидеме сведоци на клучните бизнис зделки направени токму на NEM.“

Седмото издание на NEM ќе понуди богата програма како и секоја година, покрај со веќе споменатите панели, проекции, така и со презентациите кои оваа година ќе ги имаат ITV и All 3 Media. NEM е познат не само за новитетите во ТВ индустријата и можностите за нови деловни прилики, туку и по одличните настани за мрежно поврзување кои ќе овозможат нови бизнис познанства.

За комплетната програма на панел салата и настаните за мрежно поврзување на NEM 2019, посетете ја страницата https://neweumarket.com/hr/agenda-2019/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365