battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Лидл ја избрка Кока-Кола од своите полици во Германија

Лидл ја избрка Кока-Кола од своите полици во Германија

Лидл, вториот по големина малопродажен ланец на прехранбени производи во Германија, своите полици ги исчисти од сите производи на Кока-Кола.

Овој радикален потез во околу 3300 продажни места на Лидл е резултат на ценовната војна помеѓу Лидл и нивниот најголем конкурент Алди, кој има најголем удел на германскиот малопродажен пазар на прехранбени производи.

лидл кока-кола

Пред тргнувањето на популарниот пијалок од полиците во продажните места, Лидл ја спуштил цената на паковањето од 1,25 l. за 10 центи, но Кока-Кола не попуштила во притисокот за намалување на големопродажната цена.

Овој потег на Кока-Кола, ја мотивирал одлуката на Лидл од своите полици да ги тргне производите Кока-Кола, Фанта и Спрајт и на нивно место на своите потрошувачи да им понуди производи како супститути, пред се Пепси и Freeway Cola.

Портпаролот на германската подружница на Кока-Кола околу прекинот на соработката со Лидл во Германија изјавил дека “двете компании не биле во можност да се спогодат околу маркетинг страгегијата“.
Од Лидл засега ништо не коментираат освем тоа што дека оваа одлука засега се однесува само за во Германија а не и за во другите земји.

Во цела Европа, Лидл имаат околу 10.000 продажни места.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365