Home » Digital » LinkedIn се повеќе наликува на Facebook: Еве кои се новостите

LinkedIn се повеќе наликува на Facebook: Еве кои се новостите

Нов формат на огласување на LinkedIn

Со поголем акцент на видео содржините, социјалната мрежа за вработување воведе нова форма на рекламирање, каква што веќе постои не само на Фејсбук, туку и на Инстаграм и Твитер

Во текот на изминатата година, платформата за вработување LinkedIn претрпе неколку промени што ја направија повеќе слична на социјалните медиуми како што се Фејсбук или Твитер во споредба со другите онлајн сервиси со иста или слична намена.

Исто така, LinkedIn ги зајакна партнерствата со издавачите, со цел на големите медиумски компании, како што се Форбс, Блумберг и Њујорк Тајмс да им помогне  во развојот на стратегиите за споделување на содржини меѓу повеќе од 562 милиони корисници на LinkedIn.

А сега, компанијата која е во сопственост на Мајкрософт, додава нов формат на огласување: карусел реклами, во кои може да се спојат до десет слајдови. Ако тоа ви звучи познато, тоа е затоа што Фејсбук, Твитер и Инстаграм веќе некое време имаат своја верзија на овие реклами, наменета за компании кои сакаат да прикажуваат повеќе производи во една галерија.

Новите реклами се наменети за големи брендови во кои тие користат фотографии и видео содржини за подлабоки прикази од вообичаените во дигиталниот маркетинг. Од LinkedIn се изјаснија дека карусел рекламите ги тестирале со 300 брендови.

Меѓу нив била и компанијата Volvo Канада, од која тврдат дека ваквите реклами им донеле двојно повеќе реакции од оние кои претходно се користеле. Таргетирани се корисниците на LinkedIn според позицијата што ја имаат, меѓу останатото.

LinkedIn, како платформа за вести можеби не може да се спореди со Фејсбук, а го нема на располагање ниту изобилството на податоци кое го има Google. Сепак, се чини дека корисниците се повеќе ја користат оваа платформа за следење на она што е ново во светот, како и што ново може да се научи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365