Home » Во фокусот » Листа на најголемите ТВ огласувачи во Македонија во секторот козметика

Листа на најголемите ТВ огласувачи во Македонија во секторот козметика

Во текот на вчерашниот ден ја објавивме статијата “ ТВ анализа на огласувањето по сектори со посебен акцент на категорија Козметика“ во која направивме преглед на индустриите кои најмногу се огласуваат на телевизиите во Македонија, притоа посебно осврнувајќи се на секторот “Козметика“ и најзастапените категории и поткатегории производи на домашните ТВ станици.

Денеска ќе ги презентираме најголемите огласувачи од секторот Козметика во Македонија според EQ GRP 30.

козметика, топ огласувачи

Од табелата може да се види дека “Проктер&Гембел“ се најголемиот ТВ огласувач во Македонија во секторот Козметика.

ТВ станици кои се земени во предвид во истражувањето се следниве : МТВ1, „Сител“, „Канал 5“, „Алсат-М“, „Телма“, „Алфа“, „Сител 3“, „Канал 5+“, МТВ2, МРТ, „24 вести“ и ЕРА.

• Целна група тотал 4+.
• Период: 01.11.2012 – 31.10.2013 година, 24 часа од понеделник до недела.
• Број на инсталирани пиплметри: 560 во 400 домаќинства.

Варијабли во анализата се EQ GRP 30 на целната група тотал 4+ и нивниот удел.

– GRP (Gross rating point) е збир на рејтингот од секој индивидуален спот.
– EQ GRP или 30 секунди GRP е еднакво на GRP, што би се остварил кога должината на спотот би изнесувала 30 секунди.

Во однос на тоа кои се “ТОП 10 Брендови“ кои најмногу се огласуваат на македонските ТВ станици, распоредот е следен:

Топ брендови козметика

Топ 10 најогласувани козметички брендови во периодот 01.11.2012 – 31.10.2013 година

За разлика од Македонија, листата на топ оглаувачи во секторот Козметика во регионот е малце поинаква. Во Србија на пример, најголем огласувач е “Баерсдорф“ кој има  38.201 Eq. GRP или 19,6% удел на пазарот а во Хрватска предничи “Лореал“ со 46.291 Eq. GRP што е 29,7% удел на пазарот. Најогласуван бренд во Србија е Nivea а во Хрватска Garnier.

*Истражувањето првично е пренесено од магазинот InStore, кој во соработка со Nielsen Audience Measurement ја објави анализата на огласувањето по сектори во периодот од 01.11.2012 д0 31.10.2013 год. во македонските ТВ станици, со посебен осврт на огласувањето во сектор Козметички производи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365