Home » Во фокусот » Local Planet International основа нова агенција на Бугарскиот пазар

Local Planet International основа нова агенција на Бугарскиот пазар

(РЕГИОН) – Глобалната медиумска мрежа Local Planet (ЛИНК), која беше формирана во 2016 година, обединувајќи 17 независни медиски агенции од различни страни (сега се дури 51), преминува кон следната, втора фаза во својот развој.

Поради зголемениот интерес на огласувачите, мрежата сега пристапува кон дополнителен развој на својата алтернативна мрежа преку основање на локални агенции во партнерство со водечки агенции од пооделни земји каде досега немаше свои партнери, вклучувајќи независни медиски агенции што дополнително ќе ја зајакнат позицијата при тендерите на интернационалните клиенти кои бараат покриеност на повеќе пазари.

Секоја од Local Planet агенциите е во сопственост на Local Planet International и партнерската агенција на соодветниот пазар и ќе биде задолжена за сервисирање на меѓународните клиенти на мрежата. Како дополнување, локалните “планетарни“ агенции се и акционери во Local Planet International.

Во соседна Бугарија мрежата работи со агенцијата “Argent” каде беше формирана заедничката компанија Local Planet Bulgaria, кое служи за меѓународните клиенти на Local Planet International. Argent продолжува да си работи самостојно на домашниот пазар а оперативниот директор Симона Тенчева, сега стана регионален директор на Local Planet за Централна и Источна Европа.

Сопственикот и извршен директор на “Argent“ Владимир Денев е член на одборот на Local Planet. Неговата екипа помогна во создавањето на хабови на меѓународната мрежа најпрво на балканот, а потоа и во Централна и Источна Европа.

Local Planet е создрадена за да им помогне на брендовите да ги остварат своите глобални можности за раст, користејќи ги предностите кои ги носи искуството на локалните агенции. Основниот принцип на работа во мрежата е целосната транспарентност во однос на провизиите и маржите со кои работат агенциите.

За две години Local Planet се прошири на 51 агенција, претставена е на 68 пазари со вкупно 112 канцеларии кои опслужуваат клиенти со медиумски промет од над 14 милијарди долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365