Home » Во фокусот » L’Oréal и Facebook развиваат платформа за виртуелни тестови за клиенти

L’Oréal и Facebook развиваат платформа за виртуелни тестови за клиенти

L’Oreal се здружи со Facebook во развивањето на виртуелни тестови за клиентите, кои ќе придонесат за подобрување на онлајн продажбата и поагресивен настап на компанијата на социјалните мрежи

Лореал се здружи со Фејсбук во лансирање на виртуелни тестирања за клиенти, кои ќе им овозможат да погледнат како би можеле да изгледаат со различните бои на кармини или сенки за очи, што ќе придонесе за подобрување на онлајн продажба и поагресивен настап на компанијата на социјалните мрежи.

Производителите на козметички производи, вклучувајќи ги и ривалите на L’Oréal, Estee Lauder и Sephora, вложуваат многу ресурси во технологијата, во време на “селфија” и блогери, кои во голема мера придонесоа за поместување на фокусот на индустријата на производи за нега на кожа и убавината на интернет.

За потсетување,францускиот L’Oreal, најголемата глобална козметичка компанија, ја презеде канадската компанија ModiFace, која занимава со развој на технологија за создавање на виртуелна реалност и вештачка интелигенција.

ModiFace сега најави здружување со компанијата Фејсбук за развој на платформа за брендовите на Лореал, вклучувајќи ги NYX, Urban Decay, Lancome и Yves Saint Laurent.

Потрошувачите ќе можат да ги тестираат тоновите на разни козметички производи преку платформата, која, како што веруваат во компанијата, ќе придонесе за зголемување на продажбата.

Компанијата соопшти дека приходот од е-трговија изнесувал 9,5 отсто од вкупните приходи од продажба во првата половина од 2018 година (во споредба со 5 отсто претходната година).

Фејсбук го започна тестирањето на платформата во јули.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365