Home » Во фокусот » L’Oreal направи чешел кој ги анализира навиките за убавина и сугерира кои производи за нега на коса ви се потребни

L’Oreal направи чешел кој ги анализира навиките за убавина и сугерира кои производи за нега на коса ви се потребни

Компанијата Kérastase, која е дел од  L’Oreal, деновиве го најави лансирањето на новиот производ – уникатен од својот вид наречен ‘’Тренер за коса’’.
Станува збор за нова генерација на четка за коса која ги собира и анализира шемите за одржување на вашата коса со цел да ви ги препорача соодветните производи и техники за одржување.

eafd144d8ad6b39382fdcda3cc8a6309

L’Oreal за овој најнов проект соработуваше со брендот  Withings со цел да ја креира четката.Четката испраќа податоци до мобилна апликација која корисниците ја симнуваат со цел да го следат одржувањето на своите ‘’локни’’.
Секоја четка содржи мал микрофон кој го снима звукот на чешлањето на косата со цел да детектира дали косата ви е сува, не е лесна за расчешлуваање или пак е склона на кршење. Вградените сензори во четката тогаш утврдуваат дали косата се чешла додека е сува или водена,  додека пак со помош на ацелерометарот  се одбројуваат потезите на четката и се мери силата која е употребена за да се исчешла косата.

Паметната алатка за стилизирање на косата користи Wi-Fi и  Bluetooth технологија за да ги пренесе сите податоци до апликацијата.
Апликацијата следи алгоритам претходно развиен од L’Oreal кој подетално ги анализира податоците добиени од четката и на корисниците им прикажува график на нивната рутина за одржување на косата и им дава корисни совети за подобрување на здравјето на нивната коса.
На пример, доколку некој пресилно ја чешла косата може за време на чешлањето да добие порака дека потребно е да применува понежни потези.
Секој корисник добива резултати од 1-100 кои се однесуваат на оценката на квалитетот на неговата/нејзината коса. Како додаток на апликацијата, со собирањето на податоците од корисниците, апликацијата го проверува и локалното време и препорачува и соодветни производи на Kérastase наменети за условите. Потрошувачите имаат можност да кликнат на производот и истиот да го набават од веб продавницата на Kérastasе.

“Со користење на конектирана технологија за да се надграги четката за коса – производ кој просечните потрошувачи го користат на секојдневна основа – компаниите Withings и  Kérastase го менуваат начинот на кој технологијата ја револуционизира индустријата за убавина и нега.”  – се дел од зборовите од изјавата на  Guive Balooch, глобален  vp на Инкубаторот за истражување и иновациска технологија во рамките на компанијата L’Oréal.

Четката за коса ќе се продава во текот на оваа година низ салоните на Kérastase, преку веб продавницата на брендот и веб продавницата  на Withings, а цената би се движела  околу $200, податок кој сеуште официјално не е дефиниран од страна на производителот).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365