Home » Во фокусот » L’Oreal за прв пат во реклама за производи за коса вклучи жена која носи хиџаб

L’Oreal за прв пат во реклама за производи за коса вклучи жена која носи хиџаб

L’Oreal UK, во својата најнова кампања за производи за коса, за првпат вклучи модел што носи хиџаб.

Таа се појавува во кампањата заедно со моделите Нелам Џил, Шерил Тведи, Даги Појнт и други жени од цела Велика Британија, а во рекламата вели: “Без разлика дали вашата коса се гледа или не, тоа не влијае за тоа колку се грижите за неа.”

Моделот, која се вика Амена, се надева дека со појавувањето во оваа кампања ќе ги поттикне сите жени на кои им било речено дека нивните соништа се невозможни.

Во нејзиниот пост на Твитер таа напиша: “Без оглед на тоа во кое поле работите, позитивна промена за жените е возможна. Сите сме дел од оваа приказна. “

Рекламата можете да погледнете подолу:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365