Во рамките на линијата на паштети Selection, Carnex презентираше нов вкус – пикантна кокошкина паштета, а McCann Белград стои зад вицкастата дигитална кампања која пали и жари на социјалните мрежи.
Carnex Selection линијата на паштети им е веќе добро позната на потрошувачите, а со широката понуда на интересни вкусови успеа да ги привлече дури и најпребирливите. Најновиот член на линијата Selection е една многу специфична и пикантна – Лута Кокошка. Оваа кокошкина паштета е ароматична од првиот до последниот залак и ги напојува сетилата на сите гастрономи, што само ја направи полесна и позабавна промоцијата на новиот рецепт. Дигиталниот тим на McCann Белград создаде симпатична, духовита кампања во рамките на која Лутата Кокошка е претставена на социјалните мрежи.
Вицкаст и малку саркастичен тон на комуникација алудира на секојдневните ситуации со кои се соочуваат луѓето кога некоја блиска личност ќе се налути, понекогаш без причина. “Кога рекламирате нешто ново и необично, важно е да бидете интересни и впечатливи. А зачинетите работи бараат зачинета комуникација! Затоа на помош ни дојде нашата драга колешка Лута Кокошка и со некои интересни решенија елегантно ја претстави новата паштета на пазарот. Малку ја зачинивме чорбата на пазарот на паштети, но кокошките од нашиот двор сакаат лути зачини”, објасни Милош Пауновиќ, копирајтер во агенцијата McCann Белград.
“Кога пласирате нов производ, вистински предизвик е да се најде креативно решение што ќе се истакне, ќе привлече внимание и на најдобар начин ќе го претстави на потрошувачите. Во исто време, целта беше да се направи јасна дистинкција меѓу класичниот вкус и новата зачинета паштета. Со “Лутата Кокошка” сакавме да излеземе од вообичаените форми на комуникација, да оствариме дијалог, да измамиме реакција, а пред се`, да оставиме впечаток на потрошувачите на кои им се обрќаме. Судејќи според првичните реакции, со “Лутата Кокошка” токму и тоа и го постигнавме “, изјави Тијана Каталиниќ, бренд менаџер на компанијата Carnex.