Home » Во фокусот » Магијата кога ќе го запознаете вашиот омилен лик – нова реклама на Дизниленд

Магијата кога ќе го запознаете вашиот омилен лик – нова реклама на Дизниленд

Новата реклама на Дизниленд Париз има за цел да го долови волшебното искуство кога некое дете ќе се сретне со својот имилен Дизни лик, без разлика дали е тоа Мики Маус или Елза од Frozen. Само што, во овој случај, „детето“ е мало пајче кое го обожава Доналд Дак.

Спотот ја раскажува приказната на едно мало и слатко пајче кое наидува на стрип со Доналд Дак. Тоа се инспирира од цртаниот лик, копирајќи ги неговите пози и дејства од стрипот. Но, кога неговото семејство ќе одлета, тоа е приморано да го остави саканиот стрип зад себе. Сепак, после долго патување, пајчето всушност ќе го запознае својот идол во живо во Дизниленд.

Рекламата е дело на агенцијата BETC Paris, анимациското студио Unit Images и продукциската компанијата General Pop и ќе се емитува ширум Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365