Home » Во фокусот » Македонија со три номинации на REGPAK 2014 – регионален натпревар за амбалажа на производи

Македонија со три номинации на REGPAK 2014 – регионален натпревар за амбалажа на производи

Еднa од клучните „состојки“ на ефективниот маркетинг е амбалажата на производот. Мудрите велат дека од тоа како ќе го спакувате производот, услугата или во крајна линија вашата приказна, зависи дали ќе го/ја продадете, бидејќи, да бидеме реални, „панделката“ може да биде едноставен детаљ, но без неа „пакетот“ може да изгледа многу празно.

REGPAK е единствената награда во нашиот регион наменета за најдобра амбалажа на производ. Оваа година во најтесниот избор за REGPAK 2014 влегоа дури три македонски производи. Тоа се амбалажите за две вина на најголемата винарска визба во регионот „Тиквеш“ и тоа добро познатото црвено вино „Т’га за југ“ и амбалажата за серијата вина за специјални пригоди. Третиот номиниран македонски производ е “Natura Musli” на Макпрогрес.

Regpak 2014_FOTO 1

NATURA-muesli

За жал, овие наши производи не ја добија главната награда која отиде во рацетe на српскиот производител „Минерална вода ДОО“ за пакувањето на серијата производи „DEEP“.

Regpak 2014_FOTO 2_deep

REGPAK натпреварот го организира Хрватскиот институт за амбалажа и печатење – Tectus, кој, како единствен од регионот, е полноправен член на Светската организација за амбалажа (WPO).

Инаку, на REGPAK 2014 Македонија и Словенија беа единствените земји кои имаа по три номинирани производи што е показател дека во нашата земја почнува посериозно да се размислува за значењето на дизајнот на амбалажата во зголемувањето на конкурентноста на домашните производи на странските пазари.

Повеќе детали за натпреварот може да се прочитаат на овој линк >

http://www.festacropak.hr/en/00/regpak/nominees/

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365