Home » Во фокусот » Македонската медиа-маркетинг индустрија конечно добива нова агенција за мерење на рејтинзите и гледаноста на телевизиите

Македонската медиа-маркетинг индустрија конечно добива нова агенција за мерење на рејтинзите и гледаноста на телевизиите

Агенцијата Аналитика ДОО која постои на пазарот веќе 15 години и е специјализирана во делот на медиа-мониторинг во областа на мерењето на огласувањето во медиумите (ТВ и принт) започна со проект кој предвидува создавање на нов субјект за мерење на гледаноста и рејтингот на телевизиите.

Пазарите кои компанијата ќе ги покрива се Македонија, Косово и Албанија.

После целосното согледување на потребите на пазарот на медиумските активности од аспект на телевизииите, како и од аспект на огласувачите, Проектот ТВ Метрика е започнат во почетокот на 2014 година.

ТВ Метрија, Аналитика ДОО

Потребата од навремени и прецизни информации за гледаноста и рејтинзите на телевизиите и телевизиските програми, во денешно време е повеќе од неопходна, како за поефикасно планирање на огласувачките активности на агенциите и клиентите така и за споредба со досегашните информации од страна на постоечката монополистичка позиција на сервисот од овој тип.

Лансирањето на проектот е во полн ек, а специјализирана истржувачка агенција веќе го има составено панел примерокот на испитаниците според сите нормативи кои се потребни за едно сеопфатно анализирање на гледаноста на ТВ медиумите и публиката: територија, урбани и рурални населби, структура на население, пол, години, вработеност, образование, финансиски примања, главен купувач во домаќинството итн.

Корисници на информациите се секако ТВ медиумите, маркетинг агенциите а преку нив и самите огласувачи и клиенти.

ТВ Метрија - Marketing365

Во моментов активностите се во фаза на инсталација на уредите (пиплметри) на територија на Скопје со што определен пробен период податоците за мерењата и рејтинзите ќе бидат јавно достапни на сите потенцијални корисници кои сакаат да добијат увид.

Како што дознава Маркетинг365 цената на услугата за податоците од мерењата на гледаноста и рејтинзите на ТВ станиците, планирана e да биде прифатлива за секого од проста причина што ќе биде моделирана по принципот “за секого според потребата“ (плаќаш за толку колку што ти е потребно) или со други зборови, купуваш пристап до информации кои само тебе ти се важни и неопходни.

Пристапот до податоците во реално време ќе биде овозможен преку веб апликација што значи дека тие ќе се добиваат “на дланка“ секогаш и на секое место каде што ќе имате интернет конекција. Доволно е да се поседува најобичен “smart phone” и корисницитте ќе можат да ги превземат и погледнат сите посакувани информации.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365