Home » Во фокусот » Македонската Пи Ворлд ја освојува Јужна Кореја

Македонската Пи Ворлд ја освојува Јужна Кореја

Македонската креативна агенција Пи Ворлд, на 23ти ноември во Сеул ќе го организира првиот глобален настан за односи со јавност во Јужна Кореја.

Global PR Summit Seoul ќе вклучува презентации од највлијателни светски експерти за односи со јавност од супер брендови Lego, Nielsen, Unilever Hair Care и Thomson ReutersНа настанот свое излагање ќе имаат и Колин Харис, потпарол на свадбата на Принцот Хери и Меган Маркл, како и Патрик Џефсон, поранешен приватен секретар на Принцезата Дајана и автор на бестселерот The Meghan Factor. Настанот е поддржан од PR Newswire Asia, најголемата платформа за дистрибуција за медиумски објави во Азија.

Global PR Summit на Пи Ворлд е водечки настан за односи со јавност во светот и се одржува во 24 земји вклучувајќи ги САД и Канада а од 2019та година и Мексико. 

Пи Ворлд е основана во ноември 2010та година и е присутна во 35 земји во светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365