Home » Во фокусот » Македонски Телеком ги носи „Звуците на Скопје“ на Џез фестивалот

Македонски Телеком ги носи „Звуците на Скопје“ на Џез фестивалот

Како ќе ги опишеш „Звуците на Скопје”!?

За овогодишното издание на Скопје Џез фестивал, нивниот долгогодишен партнер – Македонски Телеком, за вљубениците во џезот подготви уникатен подарок и изненадувања кои на едно место ќе ги спојат музиката, технологијата и долгата љубовна приказна на Скопје и џезот.

Од 18-21 октомври, посетителите на Скопје Џез фестивал ќе имаат прилика на нов, иновативен и интересен начин да ја доживеат оваа приказна преку композицијата која музичарот Ристо Солунчев ја создаде од самите звуци на градот, а за чие слушање и доживување Македонски Телеком се погрижи да овозможи несекојдневно интерактивно искуство. Во режија на Иван Блажев снимен е и видео запис, идеја на Македонски Телеком, инспирирана од Скопскиот Џез фестивал.

Оваа љубовна приказна уште не е завршена. Скопје го сака џезот. А и џезот го сака Скопје. Затоа што се исти. Зашто ниедна друга музика не побудува толку спротивставени чувства, толку љубов и толку револт собрани на едно место. Како откачена џез нумера, звуците на Скопје се прекршуваат, изненадуваат, се засилуваат и исчезнуваат, вечно испреплетувајќи се во чудно-хармонична композиција која не си сигурен дали ти се допаѓа, но не можеш да престанеш да ја слушаш.

Скопје живее кога старите тивки џезери измешани и збунети со новите гласни, убави и самоуверени генерации, доаѓаат да слушаат џез. Никој веќе не припаѓа тука потполно, а сепак, сите припаѓаме подеднакво. Како џезот, како градот наш, како ние самите што вечно трагаме по себе и одново и одново се реинкарнираме во нови форми на постоење, на емоција, на звук.

Аудио записи од „Звуците на Скопје” може да се симнат на следниов линк-https://soundcloud.com/user-509913340

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365