Home » Во фокусот » Македонскиот пазар на онлајн огласување во 2013 „тежел“ скоро 2 милиони евра

Македонскиот пазар на онлајн огласување во 2013 „тежел“ скоро 2 милиони евра

Според следењето на пазарот на интернет огласување за 2013 година, направено од Httpool во соработка со Ipsos Strategic Pulse, во минатата година се потрошени 1.940.017 евра. За споредба, во 2012 биле потрошени нешто повеќе пари, 1.945.715 евра.

Оваа сума е добиена со следење на 40-тина македонски веб дестинации и забележување на сите рекламни објави што се појавиле на нив во текот на изминатата година. За сите реклами се собираат информации за огласувачот, брендот/производот/услугата кои се огласуваат, форматот на огласот и времетраењето на прикажувањето на огласите. При пресметката на цената на рекламата се земени последно достапните јавни ценовници на веб дестинациите, со што се добива бруто трошок за огласување.

Телекомуникацискиот сектор предничи со 21,10% од средствата за реклами одвоени во 2013 година, зад него е услужниот сектор со 13,59% и транспортно-автомобилскиот со 13,17%.

Огласувачите биле најактивни во месец декември (12,19%) и во мај (10,28%).

За повеќе информации, обратете се на Info@httpool.com.mk или пак на +389 02 3060 888.

Онлајн пазар во Македонија 2013 - инфографик

Колку за споредба како се движел пазарот на online огласување последниве години, можете да ги погледнете и инфографиците за 2011 и 2012 кои исто така ексклузивно беа објавени на Маркетинг365.

 

Автор Филип Младеновски

Филип Младеновски е дел од тимот на Httpool во Македонија од 2013. Таму работи како менаџер за огласување, чија специјалност е огласувањето на социјалните медиуми и интегрирањето на сите онлајн огласни канали во полза на успешно реализирање на кампањите на клиентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365