battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » ManageFB – апликација за олеснето работење со Фејсбук

ManageFB – апликација за олеснето работење со Фејсбук

Во последниве 5 години, Фејсбук стана социјалната мрежа на која се “прибраа“ најголем број на луѓе, како во светот така и кај нас. Истражувањата покажуваат дека ФБ и во иднина ќе биде водечка социјална мрежа, но не само кај крајните корисници – физичките лица, туку и кај компаниите.

Всушност, кога малку посериозно ќе се “просурфа“ низ мрежата може да се забележи дека истата е преполна со ФБ страници кои рекламираат најразлични производи, компании и агенции, што јасно ни зборува дека прилично многу се вложува во огласување на Фејсбук.

Меѓутоа, само имањето на ФБ страница која рекламира некој производ апсолутно не е доволно за таа да стане популарна и видлива за милионите корисници ширум светот – туку тука неопходна е и апликација која би ја лансирала ФБ страницата во “орбитата“ и би овозможила нејзино поедноставено користење и управување.

Е тука на сцена стапува компанијата Social Media Hub d.o.o. која разви еден интересен производ насловен како ManageFB.

ManageFB

Се работи за апликација која со својот сет на алатки претендира да стане ултимативен dashboard за администирање на ФБ страници, а нуди, значително полесно, поедноставно и подобро управување со деловните (бизнис) Фејсбук страници.

Она што посебно вреди да се потенцира е тоа што користењето на оваа апликација е исклучително едноставно, се на се три кликови за да апликацијата се додаде на посакуваната бизнис ФБ страница после што на располагање се бројни шаблони за online натпревари и презентирање на производите, но и многу други можности а се во прилог на подобрена продажба на производите или услугите.

Со оглед на тоа што со страницата се управува од едно место и нема потреба за купување и користење на повеќе различни алатки, ManageFB овозможува заштедување на време, пари и зголемена продуктивност. Таа е одлично решение како за индивидуално така и за тимско менаџирање бидејќи системот е конфигуриран да ги чува сите информации за членовите и вработените.

Основната ManageFB апликација е составена од повеќе алатки за квалитетно менаџирање на бизнис ФБ профили – од истражување на пазарот, пратење на интересите на корисниците, посета на страници со слични производи (кои сакаат да се рекламираат) до споредување со идентичните страници од регионот и светот.

manageFB marketing365

Сето тоа јасно зборува дека станува збор за еден комплексен производ спремен на бизнис корисниците да им понуди не само целосен преглед на пазарот, туку да даде и некои орентациони процени како нивниот производ би се продавал, т.е. котирал и на национално и на регионално и глобално ниво.

Како би успеал во својата намера максимално да го опипа пулсот на ФБ пазарот, ManageFB користи неколку прилично моќни алатки како Market и MyMarkets, кои служат за анализирање на пазарите по континенти, региони, држави, категории и брендови….или Trend која се користи за анализирање на постовите, коментарите, пишувањето и трендовите на ФБ а сето тоа на основа на зададени клучни зборови и на корисниците на алатката им покажува каков feedback добиваат од својата публика.

mfb-tools

Ова што погоре го споменавме не е се, бидејќи ManageFB освем за администрирање на ФБ страните има и можност да собирање на информации за фановите, што е прилично корисна работа, поготово ако се јави потреба фановите со тек на време да бидат информирани или директно контактирани за разноразните поволности кои се нудат за купувањето на некој производ или услуга….или акција која е во тек а сакате голем број на луѓе да добијат известување за истата.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365