Home » Во фокусот » Марина Чулиќ Фишер нова извршна директорка на агенцијата Proximity

Марина Чулиќ Фишер нова извршна директорка на агенцијата Proximity

Марина Чулич Фишер (Marina Čulić Fischer) ја презеде функцијата на главна извршна директорка на дигиталната агенција Проксимити (Proximity) од Загреб, Хрватска. Истовремено таа ќе продолжи да ги извршува должностите и како извршна партнерка во агенцијата Диалог Комуникации.

Čulić Fischer

M. Čulić Fischer

Чулич Фишер се придружи на уиграниот тим на Проксимити во Јануари 2013 год. како претседателка на Одборот. По повод именувањето за Главна извршна директорка изјави : “Хрватскиот дигитален пазар се развива со стреловита брзина, но истовремено и созрева, што значи дека веќе одамна ја поминавме фазата во која за агенциски успех беше доволно да се соберат луѓе кои се технолошки “фрикови“ и кои ќе вадат идеи за кои агенциите ќе мислат дека се “секси“ . Клиентите денеска бараат длабинско познавање и стратешко водење на нивните брендови на дигиталните платформи, јасни процедури и структуирани тимови а моето петнаесетгодишно искуство во водење на агенциски бизниси е вредност која ја донесувам во тој процес. Проксимити е голема и озбилна агенција и задоволство ми е што преземам нова, оперативна функција

Проксимити Загреб има 15 вработени, на хрватскиот пазар е присутна од 1991 година а во 2013 година го надмина прометот од 6 милиони куни. Управува со дигитални платформи за најпознати домашни и странски брендови, како што се Адидас, Американ Експрес, Ауди, Кока-Кола, Дукат, Галбани, HTC, Јамница, Орбит, Шкода и др.

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365