Home » Во фокусот » Марио Фрацуљ нов директор на МекКен Загреб

Марио Фрацуљ нов директор на МекКен Загреб

Пред десетина дена информиравме дека од кормилото на МекКен Загреб си замина Ивица Видовиќ кој после 20-тина години работа во агенцијата си замина во пензија.На негово место, како наследник на водечката позиција е поставен Марио Фрацуљ кој е дел од МекКен Загреб од јули минатата година.

Марио Фрацуљ

Марио се приклучи на тимот на МекКен Загреб доаѓајќи од позицијата маркетинг директор во Краш, најголемата регионална кондиторска компанија.

Освем 12-годишното искуство на водечки поцизии во маркетинг одделот на Краш, Г-дин Фрацуљ е и магистер по организација и менаџмент на загребскиот факултет за економија и бизнис.

Како член на организацискиот одбор, модератор и прв претседател на жирито, Марио имаше активна улога во донесувањето на Effie натпреварувањето во Хрватска а и самиот е добитник на една златна и три сребрени Effie награди, кои се сметаат како едни од најценетите признанија  во маркетинг светот.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365