Home » Во фокусот » Маркетинг агенцијата “Република“ се извини за пропустот во врска со кампањата за Илинден

Маркетинг агенцијата “Република“ се извини за пропустот во врска со кампањата за Илинден

Македонската Маркетинг агенција “Република“ , со соопштение до медиумите денеска се извини за ненамерната грешка во креативата за кампањата за одбележување на Илинден, каде како втор Илинден е наведена годината “1945“ а треба да стои “1944“ што предизивика одзиви во јавноста која побара грешката да се поправи.

Во продолжение интегралното соопштение од Република:

Во врска со идејните решенија и печатењето на материјалите за обележување на 110 годишнината на националниот празник „2-ри Август – Илинден“, информираме дека при печатењето на истите е направена ненамерна техничка грешка при која потенцирањето на одржувањето на заседанието на АСНОМ, стои годината 1945 наместо 1944 како што е правилно.

Информираме дека при забележувањето на ненамерната грешка веднаш е даден налог за соодветно да се преработи и реобјави целокупниот промотивен материјал за празникот Илинден и тоа агенцијата ќе го направи на сопствен трошок.

Замолуваме јавноста да го уважи нашето извинување и жалење за овој ненамерен пропуст.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365