Home » Во фокусот » Marketing Kingdom 3 почнува овој четврток во Загреб

Marketing Kingdom 3 почнува овој четврток во Загреб

Долго очекуваниот маркетинг настан, Marketing Kingdom 3, ќе се оддржи овој четврток во Cineplexx Капитал Центарот во Загреб.

Дводневниот глобален маркетинг настан кој се оддржува во пет различни земји, во Хрватска ги носи претставниците на дел од светски најуспешните компании како Mashable, Sportify, Nokia, Coca-Cola, Billboard и Wired Magazine.

Marketing Kingdom Zagreb - Marketing365

Коста Петров, извршниот директор на P World, македонската компанија која го организира Marketing Kingdom, по повод почетокот на овој настан изјави : “Веќе трета година ги имаме распродадено сите влезници за нашата конференција, што нам како организатори на овој настан ни покажува дека маркетинг професионалците се повеќе од заинтересирани да учествуваат и разменат идеи со некои од најпризнатите светски стручњаци од полето на маркетингот. Среќни сме што ни доаѓаат делегати од дури 11 различни земји, што носи своевиден меѓународен дух на целиот настан – а уште повеќе што на сите посетители ќе им овозможи да добијат увид во маркетинг перспективите во различни земји од Европа и светот

Првиот Marketing Kingdom,е организиран исто така во Хрватска во 2011 година а неговите организатори тогаш донесоа за прв пат во регионот претставници од Фејсбук. Во наредните три години Marketing Kingdom успеа да донесе претставници од Tumblr и од организациониот комитет на Олимписките игри – повторно за прв пат во регионот.

Marketing Kingdom се организира во пет различни земји, вклучувајќи ги тука Азербејџан и Грузија а досега се има оддржано вкупно 11 пати.

За повеќе информации во однос на програмата на настанот во Загреб, можете да го посетите ОВОЈ линк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365