battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Настани » Маркетинг Кралевите повторно доаѓаат во Загреб

Маркетинг Кралевите повторно доаѓаат во Загреб

Водечката светска компанија за организирање на настани “The P World“ и официјално го најави третото издание на најголемиот регионален маркетинг собир “Marketing Kingdom“ во Загреб, Хрватска кој ќе се оддржи од 27 до 28 Март 2014 год.

После успешното организирање на двата претходни настани во Хрватската престолнина  “The P World“ продолжуваат со своите активности на доближување на светски признаените професионалци во маркетингот до колегите од регионов.

Marketing Kingdom Zagreb

И овојпат не изостануваат звучни имиња меѓу гостите на “P“, па така, како учесници на овој собир засега се потврдени водечките луѓе од маркетинг секторите на компании како Coca-Cola, Sportify, Oracle, Nockia, Mashable и уште неколку други.

Цел на оваа конференција е да преку интереактивни презентации и дијалог се споделат и дискутираат најактуелните стратешки трендови во индустријата и разменат мислења за нивно практицирања на локално и глобално ниво.

Како носечки теми на настанот се најавуваат : “Силата на маркетинг партнерствата и тајните позади нив”, “Како социјалните медиуми го менуваат животот на маркетерите“, “Интегрирање на социјалните медиуми во сите аспекти на бизнисот“ , “Развој на план за бренд развој со мал буџет“ итн..

Доколку сте заинтересирани да дознаете повеќе за овој настан, можете да ја посетите веб страната на организаторот или пак да го контактирате првиот човек на “The P World“ Коста Петров на 02 5111 350 или kosta.petrov@thepworld.com

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365