Home » Во фокусот » Маркетинг Мрежа и ИПСОС го започнаа проектот Agency Report!

Маркетинг Мрежа и ИПСОС го започнаа проектот Agency Report!

Порталот Маркетинг Мрежа, во соработка со агенцијата за истражување на јавното мислење Ipsos Strategic Marketing, започна студија за работењето на агенциите наречена Agency Report. Во анализата ќе бидат вклучени сите агенции што работат во Србија во областа на пазарните комуникации, распоредени во седум групи.

Целта на ова истражување е анализа на пазарот за 2017 година, односно да се добие увид за состојбата на пазарот, со собирање на транспарентни податоци и рангирање на агенциите според различни критериуми.

Agency Report е првиот ваков проект во Србија, кој на овој начин го третира пазарот на маркетинг агенции и го презентира сеопфатно. Тоа е единствена платформа за истражување и известување која има повеќе намени и далекосежни влијанија врз маркетинг индустријата.

Agency Report е замислен како единствен регистар на агенции со факти за нивната работа, успеси и работење. Тоа ќе биде јавна платформа, достапна онлајн, која овозможува интерактивни анализи. Платформата ќе содржи различни погледи на податоци и исто така, ќе овозможи комбинирани прикази на различни индикатори собрани за време на истражувањето.

“Објавувањето на резултатите од работењето на агенциите е практика на сите развиени пазари во светот. Сите сме свесни за фактот дека само транспарентен пазар е истовремено и силен пазар, кој создава здрава конкуренција и оди чекор подалеку. Од друга страна, ако не знаеме каде сме, сигурно не знаеме ниту во која насока сакаме да одиме. Затоа, им благодарам на сите агенции, што ќе одвојат од своето време да учествуваат во истражувањето, а со тоа да придонесат за професијата и транспарентноста на пазарот во Србија”, изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и извршен директор на порталот Маркетинг мрежа.

“Пред сè, ја почитуваме транспарентноста, а ова е еден од начините да ги заштитиме правилата на професијата. Овој проект, на многу конкретен начин, ги претвора овие вредности во пракса. Agency Report, како проект, е од исклучително значење за нас, како агенции кои работат во областа на пазарните комуникации, но пред сè за нашите клиенти. Како индустрија, живееме со клиентите, создаваме вредности со нив и без нив не постоиме. Мислам дека е време да им дадеме на нашите клиенти јасен преглед на нашата индустрија. Исто така, за нас е важно да имаме што појасна слика за себе, бидејќи само така, можеме да растеме и да се менуваме”, изјави Снежана Савиќ, директор за развој на бизнис во агенцијата IPSOS Strategic Marketing.

Студијата ќе се спроведе во два бранови во наредните два месеци. Првиот бран претставува собирање на податоци од агенциите, преку доброволна онлајн анкета, додека вториот бран претставува собирање и анализа на јавно достапните информации за работењето, вклучувајќи ги и податоците од Агенцијата за трговскиот регистар на Република Србија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365