Home » Во фокусот » Marketing Talks или Маркетиншки муабет(чи)и…

Marketing Talks или Маркетиншки муабет(чи)и…

Денеска со нас ги имаме Тамара Јованов Апасиева – доцент на Економски факултет, УГД, Ива Дујак – технички директор на маркетинг агенцијата Brand Union и Петар Георгиевски – раководител на оделот за истражување и стратегиски консалтинг во маркетинг агенцијата Маркет Висион. Себе си се претставуваат како група од тројца ентузијасти, специјализирани во областа маркетинг, кои силно веруваат дека знаењето и професионализмот може да ги промени индивидуите, организациите и општеството на подобро.

Поразговаравме со нив за нивниот најнов проект, Marketing Talks.

Како започна приказната на Marketing Talks?

Тамара: Идејата за Marketing Talks дојде од потребата да покажеме дека има подобар начин да се практикува маркетинг од тоа што во моментов доминира во нашето окружување. Сакаме поискрен пристап, базиран на вредност, помалку инванзивен начин со кој потрошувачите самите сакаат да станат дел од приказните на брендовите.

Д-р Тамара Јованов Апасиева

Што всушност е Marketing Talks и што ќе понуди?

Ива: Marketing Talks е нашиот одговор на локалната маркетинг сцена. Преку серија на обуки сакаме да споделиме знаење со учесниците, да ги насочиме како стратешки да планираат и делуваат, да ги поттикнеме да размислуваат во насока на подобрување на нивните брендови, но и  на севкупната маркетинг комуникација во Македонија.

Идејата зад обуките на оваа тема не е толку еурека ефект, колку што е пристапот кој ќе се користи и резултатите кои сакаме да ги достигнеме. Ние нема да продаваме монолог спакуван во форма на обука, ниту пак ќе ветуваме дека ќе станете експерти со само една посетена обука. Маркетингот е тема на која постојано се работи и усовршува.

Ќе зборуваме за најчестите проблеми со кои се среќаваат маркетерите локално, ќе поставиме основни насоки за долгорочно комуницирање и ќе споделиме алатки и знаење кое ќе им помогне на учесниците на патот до остварување на нивните цели.

Д-р Ива Дујак

Што можеме да очекуваме од обуките?

Петар: Се фокусираме на потребата од информации за пазарот и купувачите, стратегија, брендирање и интегрирана комуникација. Едното не може без другото. Со комбинирање на овие делови, овозможуваме силен синергиски ефект за било кој бизнис и комплементарните на него маркетинг активности.

Сакаме силни домашни брендови. Сите сме горди кога во странска земја ќе видиме некој домашен бренд, на иста полица, односно рамо до рамо со сите странски и добро познати марки. Тоа не е случајно, има многу маркетинг и многу работа во тие успешни приказни. Сакаме на полиците во маркетите да гледаме многу повеќе сили домашни брендови отколку што има во моментов.

Петар Георгиевски

Како Marketing Talks се разликува од сите останати обуки кои се нудат на пазарот?

Тамара: Ја нудиме првата интегрирана обука во областа на маркетингот, која опфаќа три неразделни, универзални и докажано ефикасни стратешки елементи: истражување на пазар, брендирање и промоција на социјални медиуми. Со нив се остваруваат значајни придобивки, како на пазарот на трудот, така и на високофрагментираните пазари на кои настапуваат организациите и компаниите, меѓу кои:

  • Ефикасно прибирање на пазарни информации и проценка на пазарни трендови;
  • Подобра слика за идеалниот и најпрофитабилен потрошувач за компанијата;
  • Зголемена видливост на пазарот;
  • Избор на најсоодветна пазарна позиција која обезбедува подобри односи со потрошувачите и јасно издвојување во однос на конкурентите;
  • Избор на најсоодветните медиуми за пласман на промотивната порака;
  • Заштеда во средства, преку правилно инвестирање во истражување, развој на бренд и промоција на социјални медиуми;
  • Начини за мерење на ефектите и резултатот од импелнетираните промени;
  • Можност за консултација со предавачите по завршување на обуките…

Кои се процесот и условите за пријавување на Marketing Talks?

Петар: Единствениот предуслов за пријавување на Marketing Talks е желбата за едукација и разговор на тема маркетинг. За старт ќе одржиме две серии на обуки, една на 28 и 29 септември во Штип и втора на 5 и 6 октомври во Скопје. Пријавувањето за обуките оди преку нашиот веб сајт, на следниот линк: http://marketingtalks.mk/prijavuvanje/.

Ива: Само да се надоврзам, сметаме дека е значајно да истакнеме дека на секоја наша обука ќе вклучуваме и бесплатни обуки за тројца учесници, односно по еден од следните категории на учесници:

  • Студент со просек над 8,5
  • Самохран родител
  • Невработен кандидат

За начинот на пријавување за овие кандидати ќе објавиме информација наското и затоа најдобро е да не следат на нашата веб страница или Facebook. За сите посетители на курсот следи и бесплатна консултација по завршувањето на обуките.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365