Home » Во фокусот » Маркетинг во филмската индустрија

Маркетинг во филмската индустрија

За да се сними некој филм, потребен е прилично голем буџет, кој може да ги покрие сите трошоци за снимање, хонорари и постпродукција. Овие пари, меѓу другото, се добираат и од спонзори, односно од различни големи брендови кои сакаат да бидат дел од проектот и кои се подготвени со нивни производи или финансиски да им дадат поддршка.

Се разбира, сите овие брендови секогаш сакаат нешто за возврат. Така доаѓаме до ситуација што во речиси секој филм кој го гледаме, можеме да видиме различни производи кои толку отворено им се наметнуваат на гледачите, што дури и лаик би помислил дека станува збор за спонзорство и дека тој конкретен часовник, топка или јакна не се нашол таму случајно.

Еве некои такви примери кои сигурно и самите сте ги забележале.

Подготовките за новиот филм Џемс Бонд се во тек, а нас ни останува да се запрашаме кој бренд овој пат најмногу ќе заработи од него.

До сега, веројатно не можевте, а да не забележите дека камерата е секогаш малку подолго се задржува на знакот на Мерцедес или дека сцените во кој агентот Бонд користи телефон на Sony секогаш се фокусирани на самиот уред. Ова секако е еден од начините да се истакне луксузот што е карактеристичен за секој од овие филмови,  но сепак, понекогаш се претерува.

За разлика продукцијата на овај филм, која сепак преговара со спонзорите, бирајќи луксузни и софистицирани брендови, продукцискиот тима на “Трансформери”, се чини дека не се труди премногу, туку го зема она што му е понудено.

Така, низ различните продолженија на овој филм, се провлекуваат бројни брендови од автомобилската индустрија, што не е изненадувачки, со оглед на темата на филмот. Меѓутоа, кога во приказната се вклучуваат и звучниците на брендот Dr Dre или камионот со пијалоци на Bud Light, се добива впечаток дека не се размислувало премногу за тоа како овие производи се вклопуваат во заплетот на филмот.

Оригиналниот филм “Светот јура“ од 1993 година укажува на тоа дека природата не може да се скроти и дека секој обид за прекумерна комерцијализација може да доведе само до хаос и страдање.

Се чини дека креаторите на новото продолжение не ја научиле оваа лекција, па комерцијализацијата е нешто со што се занимаваат многу повеќе отколку што би требало. Иако производите на брендот Д-р Дре, како и автомобилите Мерцедес, имаат главни улоги во филмот, може да се каже дека Samsung во оваа приказна најлошо помина.

Имено, иновативниот центар што во еден момент целосно се урива, го носи името на овој бренд. Би се рекло дека тоа и не е баш најдобрата реклама.

Кога зборуваме за дистописки филмови, може да се каже дека спонзорите честопати избегнуваат да се појавуваат во такви околности. Бидејќи ретко кој бренд може да изгледа добро во свет што повеќе не постои или кој претставува урнатини.

Сепак, во филмот “Јас, робот”, Ауди доби многу поволна можност да го промовира својот нов модел, концептуален автомобил создаден за овие потреби. Со сфери на местото на тркалата и врати кои се креваат од страна, овој автомобил сигурно не остана незабележан. Меѓутоа, кога главниот актер ја крева ногата на стол и гордо вели “Носам конверс винтиџ модел патики”, може да се каже дека тоа е капката која дефинитивно ја прелива чашата.

Но, можно е и да не се преувеличува. Овој тип на рекламирање често може да биде целосно интегриран во заплетот на филмот, така што рекламирање на брендот многу суптилно се провлекува низ приказната, без попречување на работењето и без да се предизвика премногу внимание. Меѓутоа, доколку промоцијата е насилно поставена во сценариото, кога имињата на производите се појавуваат во дијалогот, резултатот е обратен и контрапродуктивен. Тогаш гледачите стануваат огорчени и изнервирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365