Home » Во фокусот » Маркетинг за фудбалски височини – англиски кампањи за Евро 2016

Маркетинг за фудбалски височини – англиски кампањи за Евро 2016

Ова лето, Европското фудбалско првенство се очекува да биде најголемото до сега кога е во прашање глобалната спонзорска активност. Еве еден преглед на активностите на брендовите во ‘најфудбалската нација во Европа’, која се надева на конечен репрезентативен успех.

Три од 10 официјални спонзори на Првенството кое започнува за точно 3 дена, доаѓаат од новорастечки пазари како кинеската компанија за електроника Hisense, кои се слабо познати во Европа. Останатите спонзори се Adidas, Carlsberg, Continental Tyres, Coca-Cola, Hyundai/Kia, McDonald’s, Orange, Socar и Turkish Airlines.
Брендовите обично чекаат до Мај пред да започнат со своите активности, а понекогаш го чекаат и финалето на Лигата на Шампионите.
Еве некои од највпечатливите англиски кампањи за Евро 2016:

Mars

Англиските фудбалери Дени Велкеб, Хери Кејн и Џејми Варди водат армада од фанови преку ‘каналот’ (Ла Манш) во оваа 5 милиони фунти вредна кампања на Mars, создадена од Abbott Mead Vickers BBDO.

Mars е официјален спонзор на Фудбалската федерација на Англија од 2009 година.

Coca-Cola

Coca-Cola наградува илјадници карти за натпревари на Евро 2016, со цел да ги стави фудбалските фанови во центарот на своето спонзорство на првенството.
Гигантот за безалкохолни пијалоци, долгогодишен поддржувач на фудбалот, дава 504 награди по 4 карти за турнирот во Франција, кои може да се освојат преку купеното вистинско пакување.
Наградната игра ќе биде дополнета и со други маркетинг активности како телевизиска кампања. Визуелниот аспект ќе биде во линија со актуелната Taste the Feeling кампања на Coca-Cola.

Orange

Orange имаше поинаков пристап од вообичаените ‘big brand’ стратегии кои фокусот го ставаат врз фудбалските ‘ѕвезди’, така што ги постави фановите во центарот на своите маркетинг активности.
‘Orange Sponsors You’ кампањата се состои во тоа што поранешната фудбалска легенда Зинедин Зидан помага во избирањето на ‘најдобрите фанови во светот.’


Зидан ќе испрати ‘скаути’ низ планетата за да му помогне на Orange да ги пронајдат најголемите фанови во светот за оваа кампања. Orange ќе награди 20 победници да го гледаат финалето на Stade de France.

Carlsberg

Глобалната ТВ кампања на пивскиот бренд за 2016 го прикажува поранешниот играч на Челзи, Марсел Десаи како француски револуционер.
Carlsberg е официјалниот пивски спонзор на натпреваувањето и ја следи познатата адвертајзинг тематика на брендот: “If Carlsberg did.”


Покрај тоа, во друга кампања на Carlsberg, поранешниот фудбалер и сега коментатор на Sky Sports, Крис Камара преправен во постар човек наградуваше патници во лондонското метро со карти за Првенството.

Камара им даваше карти на луѓето кои го понудиле своето седиште на ‘постариот’ како дел ‘If Carlsberg did substitutions’ кампањата.

Спотот беше објавен онлајн и го трасираше патот за понатамошни активности на брендот.
Како продолжение на претходното, Calsberg испрати свој тим на една лондонска железничка станица во стил на активнисти кои бараат добротворни прилози, притоа, на оние минувачи кои ќе застанеа им беа поставувани неколку прашања, завршувајќи со “Дали би одвоиле 90 минути за својата нација?”, по што на потврден одговор, на луѓето им беа доделувани карти да ја гледаат Англија на Првенството.


Во ноември, Carlsberg вети дека од своите спонзорски активности најмногу ќе добијат навивачите.
Главните активности на брендот ќе бидат предводени од глобалниот амбасадор на Carlsberg и поранешна голманска ѕвезда Петар Шмајхел, кој ќе земе учество во низ на настани посветени на навивачите.

BetVictor

Букмејкерот дава гарантирани 1 милион фунти на оние кои точно ќе го предвидат играчот кој ќе го постигне првиот гол и минутата кога тој ќе биде постигнат. Тоа е првата реклама на Mr President за BetVictor.
Спотот е направен во соработка со аниматорот Ричард Сварбрик, а нарацијата е на легендарниот спортски коментарот Barry Davies. Рекламата завршува со зборовите: “Не е важно како ќе влезе, туку кога и од кој.”

Lufthansa
Германската авио компанија нежно си поигрува со англиските фудбалски фанови во својата ТВ реклама создадена од Kolle Rebbe. Рекламата прикажува двајца Англичани кои добиваат известување дека нивниот лет е откажан и дека мора да патуваат со Lufthansa, по што си замислуваат преколно патување со германска музика и телевизиски прикази на најголемите спортски моменти на Германија. Lufthansa е спонзор на Германската Фудбалска Федерација за претстоечкото првенство.

Betfred

Стујарт Пирс, поранешниот одбрамбен играч на Англија кој промаши пенал во полуфиналето на Светското првенство во 1990, се исмева самиот себе во рекламата на Betfred.
Спотот, создаден од агенцијата Zut, вели дека Betfred ќе им ги врати парите на сите обложувачи кои се кладат дека Англија ќе го освои Првенството, ако таа е елиминарана на пенали. Англија била три пати еиминирана на пенали на големите натпреварувања од споменатата 1990 година кога играше против Западна Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365