battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Маркетинг за маркетинг индустријата !

Маркетинг за маркетинг индустријата !

Шпанија е веројатно една од земјите кои се најдоа најпогодени од рецесијата и глобалната економска криза. Еден од секторите кои значително беа погодени од неповолната економска клима, многу очекувано, беше и адвертајзинг индустријата.

Како последица на сето тоа, нашите шпански колеги решија да не се жалат… туку овој предизвик да го решаваат токму онака како што знаат најдобро. Да направат кампања !

Шпанската адвертајзинг индустрија започна кампања чија цел е да се пренесе пораката за општествениот и економскиот придонес кој индустријата го има во државата. Кампањата има наслов “Publicidad, Si !“ (Огласување, Да !) и во неа учествуваат 31 организација и компанија, а нејзина карактеристика е што во една огласна порака се појавуваат по два бренда.

На пример, во една ТВ реклама настапува маркетинг директорот на КИА покрај оглас за јогурт Активиа и појаснува како огласувањето на брендовите како што е споменатиот јогурт , овозможува достапен и квалитетен начин на комуникација со потрошувачите.

Тој вели дека би се појавил и во реклама за некој друг бренд бидејќи силно верува во вредноста на огласувањето.

Другите реклами од оваа кампања можете да ги видите тука

 

Сантијаго Грамунт, директорот на шпанската огласувачка агенција Innocean Worldwide Spain и водечки креативец на кампањата вели: “Веруваме дека оваа кампања во Шпанија ќе ја иницира расправата за улогата која креативната индустрија ја има во порастот на економијата и благосостојбата на луѓето

Како што додава Johan Fourie, главниот оперативен директор на Innocean Worldwide Europe, “огласувањето има клучна улога во развојот на компаниите и новите бизниси, но шефовите неоправдано многу често ја занемаруваат неговата позитивна улога. Огласувачката индустрија е моторот на иновативноста и здравата конкуренција, и што е најважно,во најтешките времиња ги поврзува брендовите со потрошувачите.“

 Што мислите Вие, време ли е маркетинг агенциите да поработат малку на својот маркетинг ?

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365