battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Marketing365 номиниран за Најдобар ИТ/Интернет Маркетинг Блог во овогодинешните “Блогираме и Твитер награди“

Marketing365 номиниран за Најдобар ИТ/Интернет Маркетинг Блог во овогодинешните “Блогираме и Твитер награди“

Блог агрегаторот “Blogirame“ вторпат по ред и оваа година го организира изборот  “Блогираме и #ТвитерНагради“ на најдобрите Македонски блогови и твитерџии распоредени по неколку категории.

Блогираме Лого

Исто како и минатата година, така и во оваа, номинациите и гласањето го прави самата интернет заедница, со што продолжува праксата на главното мото на “Блогираме“ : “Од заедницата – за заедницата“.

Во првата фаза од изборот се случуваше номинирање на најдобрите блогови и твитерџии, а сега на ред е гласањето и прогласувањето на најдобриот помеѓу оние кои добија најмногу номинации !

Со задоволство Ве информираме дека Маркетинг365 е номиниран во категоријата Најдобар ИТ и/или Интернет Маркетинг Блог на годината и се наоѓа во конкуренција на уште неколку одлични блогови кои ја одбележаа годинава што изминува.

Најдобар ИТ и/или Интернет Маркетинг блог

[линк]
[линк]
[линк]
[линк]
 [линк]

Самата номинација во финалниот дел за нас претставува обврска плус и во иднина да продолжиме да споделуваме квалитетна содржина која ќе го задоволи префинетиот вкус на нашата публика !

Истовремено ги повикуваме нашите читатели да дадат свој придонес во успешноста на овој одличен настан и со својот глас да ги поддржат оние за кои сметаат дека изминатиов период биле најуспешни ! Можете да гласате на следниов ЛИНК.

Манифестацијата за доделување на наградите за победниците најавено е дека ќе се оддржи во клуб-ресторанот на МКЦ на 4 декемеври (Среда) од 20:00 часот.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365