Home » Во фокусот » Mastercard го отфрли името од своето лого

Mastercard го отфрли името од своето лого

Mastercard го отфрли името од своето лого, оставајќи ги само црвениот и жолтиот круг да го претставуваат брендот на картички, во продавници, на настани и во адвертајзингот.

Овој чекор е дел од напорите на компанијата да ја минимизира важноста на картичката (содржана во самото име „Mastercard“), поради се’ поголемото ширење на нови методи и технологии за плаќање. Новитетот ја става компанијата во мала група на брендови како Apple, Nike и Target кои преферираат да се претставуваат само по својот визуелен симбол.

Според генералниот маркетинг директор на Mastercard, Раџа Раџаманар, компанијата спровела 20-месечно глобално истражување со цел да се осигура дека луѓето може да го препознаваат брендот само по логото, без текстот. „Никогаш не смеете да бидете арогантни и да речете ‘јас сум иконичен, оставате ме да го отфрлам иметот на брендот’ ако потполно не сте сигурни во тоа,“ додаде Раџаманар.

„Меркетерите често сакаат апстрактен симбол да ја претставува нивната компанијата. Луѓето навистина сакаат да имаат нешто како јаболкото на Apple или „штиклата“ на Nike, но не смеете да избрзате во тој процес“, истакна Мајкал Бејрут, претставник на дизајнерската консултантска компанија Pentagram, која стои позади новиот изглед на Mastercard.

„Покрај тоа што новото лого овозможува поширока дејност од само картички, тоа подобро ќе се вклопува и во дигиталните уреди, бидејќи на помали екрани како кај  паметни часовници, навистина е многу тешко да вметнете име од 10 букви,“ додаде Бејрут.

Целосната трансформација на логото ќе оди постепено, додека банките не ги променат сите постоечки картички со претходното лого на Mastercard, а брендот дополнително ќе поработи на својата препознатливост во неколку земји во развој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365