Home » Во фокусот » McCann Белград трета година по ред најуспешна агенција во Србија

McCann Белград трета година по ред најуспешна агенција во Србија

Агенцијата McCann Белград е прогласена за агенција на годината во Србија на националниот фестивал Kaktus 2017. Ова е трета година по ред како McCann Белград го освојува ова престижно признание кое се доделува за најуспешните кампањи на огласувачите.

Во конкуренција на 124 пријавени кампањи, според оценката на жири комисијата, која е составена од угледни маркетинг професионалци од земјата и регионот, агенцијата McCann Белград имала најголем број бодови.

“Трета година по ред ја освојуваме наградата за агенција на годината и горди сме на овај континуитет. Ова е најубав начин да ставиме крај на оваа година и да го заокружиме успехот кој го имавме со наградите на првиот Effie фестивал во Србија, до големиот успех на Golden Drum каде што освоивме пет признанија. Оваа награда е признание за брендовите со кои работиме и за тимот кој бележи успеси и на локалните и на интернационалните фестивали. Покрај континуитетот кој е важен, значајна е и разновидноста на категориите во кои сме наградени, како и тоа дека можеме да се пофалиме, како со креативните кампањи, така и со фактот што тие остваруваат комерцијални резултати. Сето тоа е показател за квалитетот и развојот на агенцијата и нашите партнерски односи со клиентите, за кои ова е исто така успех. Оваа година за нас е посебна по тоа што е 20 годишнина од работењето на агенцијата McCann Белград и мислам дека нема подобар начин тоа да го обележиме”, изјави Оливера Перковиќ, директор на агенцијата McCann Белград.

Наградени кампањи на фестивалот Kaktus 2017 се:

  • Во категоријата Поединечни кампањи, Вирално видео – “Со славата нема шала ” за Carlsberg Србија,
  • Во категоријата Интегритани кампањи, Content интегрирана кампања – “PiruLOLci” за Froneri Adriatic d.o.o, и
  • Во категоријата Интегрирани кампањи, Иновативна интегрирана кампања – “democrARtisation” за Музејот на современа уметност.

Агенцијата McCann Белград оваа година е прогласена за најефективна агенција во Србија на Effie доделувањето на наградите, а беше и најуспешна агенција од Србија на доделувањето на наградите Golden Drum.

Наградите Kaktus се стручни награди, кои се доделуваат на компаниите, институциите и агенциите за најквалитетните и најпрофесионалните поединечни и интегрирани кампањи во изминатата година. За наградите одлучува стручно жири кое е составено од угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365