Home » Во фокусот » “McCann Grupa“ отсега ќе се вика “I&F McCann Grupa”

“McCann Grupa“ отсега ќе се вика “I&F McCann Grupa”

McCann Grupa” , еден од водечките комуникациски системи во Југоисточна Европа, во иднина ќе функционира под името “I&F McCann Grupa“. Со оваа промена на името се заокружува периодот на консолидација на работењето на пазарите во регионот.

I&F McCann Grupa - Marketing365

I&F McCann Grupa” е присутна на пазарот веќе 16 години и успешно работи во 8 земји од регионот меѓу кои и Македонија (McCann Skopje), вработувајќи околу 300 професионалци. На своите локални, регионални и меѓународни клиенти им овозможува висококвалитетки стратешки и креативни решенија за развој на брендовите користејќи ги сите канали за комуникација.

Добитници се на преку 150 награди на домашните и меѓународните фестивали меѓу кои и две на најзначајниот светски фестивал за адвертајзинг “Cannes Lions” во Кан.

Агенциите кои работат во склоп на “I&F McCann Grupa“ се дел од “McCann Worldgroup” – една од најголемите меѓународни мрежи кои работат во повеќе од 120 земји во светот со традиција долга веќе 111 години, која функционира во склоп на „Interpublic Group of Companies“ (www.interpublic.com) – најстарата американска мултинационална комуникациска корпорација со седиште во Њујорк.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365