Home » Во фокусот » McCann прогласена за најефективна агенциска мрежа на глобално и европско ниво

McCann прогласена за најефективна агенциска мрежа на глобално и европско ниво

За глобалниот успех на McCann Worldgroup значително придонесоа регионалните McCann агенции со успехот на локалните натпревари

McCann Worldgroup е прогласена за најефективна креативна агенциска мрежа во 2018 година според глобалниот Effie индекс.

Успехот на McCann Worldgroup на глобално и европско ниво е уште еден во низата успеси на агенцијата McCann во изминатиот период. Ова признание се базира на прецизни и јасни одредници и е најдобар показател дека инвестицијата во маркетингот се исплатува. За ефективноста на McCann мрежата во голема мера придонесоа и агенциите McCann Белград и McCann Загреб, со освојување на Effie наградите на локалните натпревари.

Effie наградите го препознаваат она што е најважното во маркетингот, а тоа е дека вашите кампањи се ефективни и остваруваат резултати. Тоа е сржта на нашата работа, тимското работење кое подразбира добро стратешко планирање, креативна работа и остварените резултати за нашите клиенти. Ние им помагаме на брендовите да имаат релевантна улога во животот на потрошувачите. Горд сум што за глобалниот успех на McCann Worldgroup придонесовме со нашите резултати кои се препознаени и наградени на локалните Effie натпреварувања во Србија и Хрватска”, вели Владимир Димовски, CEO на McCann Adriatic, за освоената Effie награда за најефективна креативна агенција на европско и светско ниво.

Наградите Effie се едни од најпрестижните глобални награди во огласувањето. Наградите им оддаваат признание на моќните идеи кои се реализирани преку кампањи, кои ја постигнале целта, односно оствариле значаен резултат за клиентите и брендовите.

Катарина Прибичевиќ, директор за стратешко планирање во агенцијата McCann Белград, по повод големиот успех на McCann мрежата, изјави: “Effie наградите имаат посебно место и значење за нас, бидејќи не само што “ја слават креативноста која дава резултати“, туку и поради посебната атмосфера и дух што се создава помеѓу од сите нас кои учествуваме: и клиентот и агенцијата и медиската агенција и истражувачите. Effie е награда за тимскиот дух и заедништвото!“

“Ги препознавме Effie наградите како најдобар начин да им покажеме на сегашните, но и на идните клиенти дека со исклучително креативни идеи, знаеме да осмислиме и идеи кои делуваат и остваруваат комуникациски и бизнис цели. Горди сме што нашите наградувани кампањи, придонесоа да станеме  најефикасна креативна агенциска мрежа”, изјави Петра Гајица, стратешки планер во McCann Загреб .

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365