Home » Во фокусот » МекКен Скопје и МекКен Белград со заедничка герила маркетинг акција

МекКен Скопје и МекКен Белград со заедничка герила маркетинг акција

Пред петнаесетина дена, во центарот на Белград на билборд осамнаа вештачки бели дробови направени од памук…..

beli drobovi 1

Ден за ден, нивната белина преминуваше во сивотија пред која минувачите застануваа вџашени. Тешко им беше да поверуваат дека вдишуваат толку загаден воздух…..

beli drobovi 2

 

Последниот ден, на билбордите осамна порака ‘‘Вдиши длабоко‘‘ – MK Mountain Resort поставена на чисти и бели како снег бели дробови.

Бели дробови - МекКен Скопје

Стана јасно дека станува збор за супер креативен и иновативен начин на кој маркетинг агенциите Меккен Скопје и Меккен Белград го рекламираат планинскиот ресорт. Кампањата создаде голем  buzz  на социјалните мрежи, ја поттикна заинтересираноста на медиумите а на белграѓани им ги отвори очите. Се надеваме дека и на MK Mountain Resort  ќе им донесе повеќе гости.

Браво за МекКен Скопје и МекКен Белград како и за креативните директори Јана Савич Растовац и Владимир Косич и Арт директорот Здравко Кеврешан.

За крај, можете ли да замислите како ќе излгедаа скопските бели дробови ако ги оставевме само неколку дена во Скопје? :)

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365