Home » Во фокусот » McCann Talks: Ние ја живееме иднината

McCann Talks: Ние ја живееме иднината

Автор: Владимир Ќосиќ, дигитален креативен директор на агенцијата McCann Белград и главен и одговорен уредник на третото издание на McCann Talks

Третиот број на публикацијата McCann Talks може да се симне од овој линк: http://www.mccann-talks.rs/pdf/McCANN-Talks-v3.pdf

Без оглед на тоа што често забораваме во целокупната трка за обезбедување на егзистенција, постојат одредени проекти, клиенти и сегменти од нашето работење кои не се работат за пари, слава, потпис, престиж или само исполнување на дадените норми. За нас во агенцијата McCann Белград, еден од таквите проекти е наречен McCann Talks – работа која ја правиме за себе, заради истражување и откривање на нови работи, бидејќи за нас е интересно да се занимаваме со одредени теми на малку поинаков начин, бидејќи сакаме да го отвориме дијалогот со најшироко сфатената огласувачка индустрија и конечно, заради уживање.

Овие денови, објавен е третиот број на публикацијата McCann Talks, овај пат во онлајн издание, а јас бев избран за уредник. За мене беше чест и како што реков, уживање, бидејќи не само што можев да ја одредам темата на публикацијата, туку и начинот или формата, како и авторите на текстовите.

Без многу свесно размислување, следејќи го инстинктот и слушајќи ја потсвеста, се одлучив за тема -ИДНИНАТА. Кога размислувам ретроактивно и го рационализирам овој избор, една од причините која  прво ми минува низ главата е тоа што според моето чувство, како индустрија се завртивме речиси исклучиво кон иднината, од една страна, плашејќи се од она што таа го носи, но и задоволувајќи ја љубопитноста преку експерименти со нови технологии , техники и стилови, комуницирајќи со луѓе кои, во таа смисла, созреваат со невидена брзина. Покрај тоа, се чини дека целото човештво пртходно, никогаш повеќе не размислувало за оваа тема. На сите страни и речиси постојано се зборува за вештачката интелигенција, роботиката, зголемената реалност, уредите и технологијата која се усовршува побрзо отколку што стигнеме за неа да размислуваме и да зборуваме.

Иднината е секогаш непредвидлива, но никогаш колку што е денес. Начините на кои можеме потенцијално да се уништиме себеси како вид, се мултиплицирани и софистицирани. Искуствата станаа заеднички, глобални. Никој не може со сигурност да тврди како нашите деца ќе се однесуваат, изгледаат и размислуваат. Дури и самите ние, за една или две децении, бидејќи технологијата никогаш немала такво влијание врз промената на индивидуалното и колективното однесување на луѓето. Оваа севкупна фокусираност на иднината доведе до еден вид на колективна вознемиреност и страв од она што не` чека, што резултира со тоа што анксиозноста е во голема мера психолошки проблем број 1 во светот.

Без сомнение, и покрај тоа што живееме на Балканот, ние ја живееме иднината.

Третата причина е за мене малку лична и подлабока, бидејќи имам впечаток дека сум заинтересиран за темата на иднината, речиси откако станав свесен за сопственото постоење. Мојата, иднината на моите драги луѓе и човечката раса воопшто.

За ова се веројатно во голем дел се заслужни филмовите кои се прикажуваа на телевизија и во кино, без цензура, на која сега многу се обрнува внимание. Така, во текот на детството почнав да размислувам за далечните галаксии од “Војна на ѕвездите”, вештачката интелигенција од “Одисеја во вселената”, андроидите од “Блејд Ранер” киборзите од “Робокоп” и пријателските и непријателските настроени вонземјани од филмот “Инвазија на телокрадците”, “Алиен” и “E.T”. “Терминатор 2” ме научи дека сами ја креираме судбината. “Враќење во иднината” дека патувањето низ времето некогаш сигурно ќе биде возможно. “Бегство од Њујорк” дека апокалипсата е неизбежна. А “1984” дека ако сакаат да знаат нешто за нас, ќе знаат сè.

Безброј пати со моите пријатели уште од раното детство се забавуваме размислувајќи како ќе изгледаме, што ќе правиме и на кој начин ќе се дружиме кога ќе остареме. И како што поминуваат годините, мојата визија за иднината се менуваше. Но објективно, најголемите промени се случија во последните неколку години, кога сите ние од генерација X започнавме да ја живееме сопствената визија за иднината. Полека, но сигурно, автомобилите почнаат да возат без наше активно учество, роботите стануваат се повеќе интелигентни и речиси автономни, а човечките тела стануваат се повеќе унапредени и на повеќе начини, отколку што можеме да согледаме.

Од сите овие причини, решив како уредник на третото издание на публикацијата McCann Talks, на сите автори да им ја зададам иднината како тема. За форма, заеднички го избравме интервјуто, сакајќи овај број навистина да го претвориме во дијалог или разговор со луѓето кои ги сметавме за релевантни за оваа неисцрпна тема. Дијалог со колегите, познатите личности, измислените луѓе, вештачката интелигенција или самите себе.

На крајот на овој текст, би сакал да им се заблагодарам на сите автори за нивниот придонес кон ова интересно издание, како и на сите идни читатели кои на одредено време ни ја подарија највредната работа која што ја поседуваат, своето СЕГА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365