Home » Во фокусот » McCann Загреб меѓу првите во светот започнува нова Mastercard платформа

McCann Загреб меѓу првите во светот започнува нова Mastercard платформа

“Започни нешто непроценливо”, е името на новата Mastercard глобална платформа која ги обединува различните активности на оваа голема меѓународна компанија, од развој на нови услуги до маркетинг комуникации.

Движечката мисла зад новата визија е дека Mastercard инспирира и овозможува секој од нас да ја следи својата страст и да остави непроценлив белег во светот. McCann Загреб е првата канцеларија која ја започна оваа платформа која ќе се примени на хрватски мотиви во рамките на летна кампања, која традиционално е една од најопсежните и најважните годишни активности на компанијата Mastercard.

“Не е прв пат McCann Загреб да развива нова глобална платформа, така што навикнавме очите на најголемите шефови на Mastercard и McCann да бидат вперени во нас. Секогаш е предизвик да се прилагоди филозофијата на еден светски бренд на специфичниот хрватски дух, но по неколку месеци на посветена работа на целиот тим и детални проверки на сите нивоа, со гордост можеме да кажеме дека резултатите се навистина непроценливи”, изјави Горан Божиќ, креативен директор во McCann Загреб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365