Home » Во фокусот » Мекдоналдс создаде своја валута – “мек парички“ по повод 50 годишнината од Биг Мек

Мекдоналдс создаде своја валута – “мек парички“ по повод 50 годишнината од Биг Мек

 

Синџирот за брза храна Мекдоналдс планира да воведе своја валута – “мек парички“ – кои ќе ги добиете секогаш кога ќе купите Биг Мек. Тоа е нивниот начин да прослават 50 години од постоењето на фантастичниот Биг Мек.

Што се` може да се купи со “мек паричките“? Монетите, освен за колекционерски цели, имаат и куповна вредност и ќе можат да се заменат за нови Биг Мек бургери во текот на целата 2018 година.

Во интервју за Usa Today, генералниот директор на Мек Доналдс, Стив Истербрук изјави дека акцијата започнува во четврток. А зошто токму четврток? Затоа што тогаш би бил стотиот роденден на Џим Делигати, кој го смисли овај бургер.

Биг Мек стана препознатлив знак на Америка и нејзина икона веќе неколку децении. Во 2007 година е отворен ресторан музеј во чест на сочниот бургер. Биг Мек има и своја скулптура која е висока 14 метри.

Минатата година се продадени околу 1.3 милијарди Биг Мек бургери, соопштија од компанијата Мек Доналдс.

“Мек паричките“ ќе се појават во 5 различни дизајни, а секоја од нив ќе обележи една деценија.

’70: декада на цвеќето

’80: поп-арт

’90: храбри, апстрактни форми

’00: фокусот е на технологијата

’10: развој на комуникацијата и нејзините облици

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365